|
СОНЧЕВА ЉУБОПИТНА ЗАБАВА-ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ
Автор-Весела Богдановиќ. Соработник Кате Кутлешовска Тасевска. Вклучени наставници- Александар Секирски, Ленче Стојановска, Татјана Божиновска. Педагог-Анета Николовска.
Реализација-Мај-Јуни 2013

ИДЕЈА-МОТИВАЦИЈА-ФУНКЦИОНАЛНИ И ВОСПИТНИ ЦЕЛИ
Она што е за мене главна цел и ориентација за време на планирањето на наставата е - Да се задоволи детската потреба за игра, да се поттикне љупопитноста како движечка сила, секојдневно да се унапредува и докажува соработката и взаемното помагање и на тој начин училиштето да се доживува како пријатно, омилено место. Децата најлесно учат и покажуваат истрајност и упорност кога целите и задачите ги реализираме на ненаметлив начин, во спој со игра, заедно со истражувања и наука. Интересно им е кога имаат прилика да пренаменат отпадоци и истите да ги користат за време на часовите како дидактичко средство. Сакаат да творат комбинирање на нестандареден ликовен материјал а најмногу од се сакаат да учат во природа, надвор од училницата заедно со повеќе другарчиња од различни возрасти и други подрачни училишта.
Токму тоа се целите на оваа проектна активност во кои учиме, истражуваме и го утврдуваме стекнатото знаење по разлините наставни предмети на крајот на учебната година.
Беа вклучени дел од учениците од вишите одделенија од нашето централно училиште како и учениците од подрачното училиште од село Трновци.
КОНКРЕТНИ АКТИВНОСТИ
Чадорчиња
за учење низ игра
за едукативни игри со броеви,зборови,реченици,букви
-За играње стара традиционална игра "Плетипрсти"
-За мерење со конец како нестандардна мерка за должина и споредување
-За творење со пренамена на стаклени теглички во садови за чување дидактички материјал
Дружината-СОНЧЕВИ, ВОДЕНИ ПАЛАВКОВЦИ <3
(ИСТРАЖУВАМЕ НИЗ ИГРА)
Истражувачки активности на отворено
|
Учиме низ игра http://ucimenizigra.ucoz.com/
 
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените, или да го адаптирате ова дело за реупотреба во свои дела (филмови, научни трудови, публикации, медиуми...) Секое пренесување или користење на содржините и идеите без согласност на авторот и без наведен линк до оваа страна, подлежи на кривична одговорност за повреда на авторски права. Слободно може да се споделува непроменето и да се користи како прирачно средство при реализација на ваши интерни часови. Не смее да биде користено како помагало за време на обуки и семинари без присуство на авторот
Ние знаеме како се раѓаат пеперутките
А знаеме и каде живеат

Наставник Весела Богдановиќ veselabogdanovik2@gmail.com
Прво одделение ОУ"Кочо Рацин" с.Ивањевци

|