Ние децата чувари на природата - Жива и нежива природа
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Жива и нежива природа
Желче-гостинче
Еко интеграција:
Унапредување на свеста и потребата за грижлив, хуман однос кон живиот свет и свест
 за одговорна грижа за домашните миленичиња.
 
  
Воведна активност
Разговор околу вистинити но и шеговити претпоставки кои ги изнесува наставникот:
-Што мислиме?Што околу нас е живо?
-Дали дрвјата се живи?По што знаеме дека се живи?(Биле мали па растат,им треба вода за да не се исушат)
-Од што е направена клупата на која седиме?(Од дрво) Што ќе кажеме за неа?Жива ли е?(не е жива,нити расте,нити и треба храна, нити вода и треба...)
-Дали се живи камењата?А жив ли е автобусот бидејќи брмчи?
...............
  
 
Денес имаме и мало гостинче како изненадување за дечињата.
Ајде да го набљудуваме и опишеме нашето водно желче.
Што знаеме а што не знаеме за него?
"Забележуваме дека личи на другите желки само чудно е дека живее во вода,
 зелено е по боја,ги има шарките како што имаат и другите желки..." 
Сакаме да дознаме:
Дали каса,
што сака да јаде за да го нахраниме бидејќи можеби е гладно, 
Сакаме да му дадеме име за да не биде безименко.
Дали смееме да си поиграме со него?
  
Наставничката ни кажа дека ова е водна желка која живее во вода и расте само уште малку.
Не каса. Јаде сушени ракчиња кои сега ќе ги мириснеме за да почувствуваме како мирисаат.
Ќе му дадеме на желчо да јаде за да не биде гладен.
Луѓето ги чуваат овие желки како домашни миленичиња но треба внимателно да се грижат за нив.
Водата треба редовно да се менува за да биде чиста но треба да биде млака а никако студена.
 Сакаат светлина и добро е секогаш до аквариумот да има запалена светилка.
Можеме да си поиграме со него но само внимателно,да не го повредуваме,притискаме
 и да внимаваме да не ни замине од масичката и да падне да се повреди.
Интеграција со математика(слично- различно)
Споредување живо и пластично цвеќе
Си разговаравме за  живото цвеке.Што му треба на едно цвеќе за да живее.
 Го посадивме и му ставивме вода бидејќи е живо и сака вода.
-За да расте треба и сонце,кажаа дечињата, па го ставивме на сончевиот прозорец.
Потоа разгледувавме пластично цвеќе и разговаравме што нему му треба.
Бидејќи не е живо,нему ништо не му треба-се согласивме сите,па и до година да стои посадено во земја,
и вода да му ставаме тоа нема да порасте бидејки не е живо.
 
  
Потоа разгледувавме апликации на Power Point прзентација и уживавме во играта и откривањето
жива и нежива природа
 
Групираме сликички во двете категории
 
  
 
Поделени во две групи, направивме две шарени сликовници.
Една за живата и една за неживата природа.
 
  
 
На големиот одмор имавме многу гости.
 И поголемите другарчиња од училиштето доаѓаа да го видат нашето гостиче 
а ние им раскажувавме како треба да се грижиме за него.
 
 
 
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци