Ние децата чувари на природата - Воведни активности-Каменковци-Проект
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



ВОВЕДНА АКТИВНОСТ НА ПРОЕКТОТ КАМЕНКОВЦИ

 Во соработка со ученици-ментори  од осмо одделение и професор по Етика, Гордана Галевска

ПРОДУКТ-ИЗРАБОТКА НА ОБЛЕКА СО ПРЕНАМЕНА НА НАЈЛОНСКИ КЕСИ И СТАРИ ПЛАТНА

  
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК- 2 часа
Медиумска култура
-Следење на анимиран-цртан филм Каменковци.
Цел- Учениците да воочат разлики помеѓу куклен и цртан филм.
  

Опис на ликовите,  воочување детали во врска со облека, навики, живеалиштаи, место на случување, опис на околината и предмети.
Раговор-
Разлики и сличности помеѓу цртан и куклен анимиран филм. Споредуваме примери по сеќавање но и со  анализа на делови од други филмови поставени на интернет.

  
СЛЕДУВА
-Разгледување на материјалите што ги имаме и презентирање идеи-Како ние би можеле да се облечеме за да бидеме како ликовите од цртаниот филм.


-Изработка на облека од најлони и стари чаршафи.

- Цртање детали на облеката.

  
-Игри на улоги. Изведување на интересни моменти од анимираниот филм.
Фотографирање и снимање на делови од активностите по избор на учениците.

 
ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ-Избор на два вида активности-
Илустрација на стрип- Ние во цртаниот филм Каменковци,
Боење

АКТИВНОСТ ВО КОРЕЛАЦИЈА СО МАТЕМАТИКА-Цртање слика со поврзување на броевите до 20

 

ШТО БИ САКАЛЕ ПОНАТАМУ ДА ПРАВИМЕ?
-Сакаме да вклучиме поголем број на ученици од училиштето и заедно да продолжиме со оваа активност. За таа цел направивме ревија на костими за време на одморот и ги поканиме другарчињата од второ до петто одделение да се подготвиме за следниот ден и следната активност.

 

ЗАДАЧА ЗА ДОМА
-Сите ученици имаат задача да истражуваат преку интернет и да видиме што ќе откријат за Каменото време а потоа за време на следната средба да размениме кој што открил.
-НАЈАВИВМЕ АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ СТАРИ ПЛАТНЕНИ ЧАРШАФИ И КРПИ, ДРВЕНИ САДОВИ И ЛАЖИЦИ кои најблиску одговараат на тоа време.
Цел- Така сите ќе можеме да си играме Каменковци.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НАШАТА СЛЕДНА АКТИВНОСТ- НИЕ ВО СВЕТОТ НА КАМЕНКОВЦИ

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци