Ние децата чувари на природата - Во светот на инсектите
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Интегриран ден

БРм,брм,лет-лет-кој на трева-кој на цвет

Македонски јазик,Запознавање на околината,Ликовно образование

 

ЦЕЛИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ПОСТИГНАТ УЧЕНИЦИТЕ:

Да умеат да раскажуваат и анализираат слушнат текст.Да се оспособат за извлекување на поука од текст и поврзување со примери од секојдневниот живот.

Утврдување на претстава за поимот ИНСЕКТИ

Да разликуваат кои се инсекти ,да ги опишуваат,да знат нивни основни карактеристики,корист или штета од нив.

-Да умеат да препознаат инсекти помегу повеке апликации поставени во One Note и да го бришат тој што не припага да биде помегу инсектите.

Да умеат ликовно да се изразуваат и да ја покажуваат својата креатвност со користење на можностите за цртање и боење на One Note апликацијата со цел споделување на своите изработки со другарчиња од други училишта и пред своите родители во домот.

Еко интеграција

 

Учениците да  се навикнат на учење во природна средина и доагање до знаење преку истражување и користење на различни извори на информирање(користење на Енциклопедии,списанија,Интернет,кажувања на други лица)

Да се развива и насочува хуман однос кон живиот свет и позитивен однос кон природата во насока на нејзино користење без оштетување.

 

ВОВЕД ВО АКТИВНОСТИТЕ

Ja играме играта-"ЛЕТА-ЛЕТА за поттикнување весела и опуштена атмосфера и вовед во следните активности преку игра која е секогаш со радост прифатена.Потоа играта добива ново име и се вика-"Инсект е...инсект е...за да стекнат децата правилна претастава за поимот и да умеат да направат разлика помегу инсекти и птици.

 ПРОЦЕС:

(Поради возраста на учениците најголем дел од Процесот е воден од страна на наставникот или ученици-ментори кога се во прашање планирани активности кои бараат истражување,читање и примена на ИКТ.)

-Го раскажуваме текстот "Комарец и пајак”кој го учевме минатиот ден. Извелекуваме поука од текстот и разговараме за карактеристиките и особините на инсектите за кои се зборува.

НЕ ТРЕБА СЕКОМУ ДА ВЕРУВАМЕ- е поуката за која малку разговараме и си раскажуваме   наши примери кога некој нас не излагал.

Како, зошто и со што пајакот ја плете својата мрежа е тема околу која добиваме интересни одговори  и размислувања.

Потоа разгледуваме сликички од албумот”Животинско царство” и преку читање од страна на наставникот се запознаваме со  дел од содржините кои ја задоволуваат детската љубопитност. Истовремено преку Бинг пребарувач пронаогаме слики и ги и опишуваме инсектите претставени на нив.

  

 

СЛЕДУВА РАБОТА НА ОТВОРЕН ПРОСТОР 

Во природно опкружување ,во самиот двор на училиштето разгледуваме и опишуваме гумени модели на инсекти и со помош на видео клипови од You Tube децата стекнуваат претстава за изгледот,исхраната и карактеристиките на инсектите во нивната природна средина на живеењеУчениците се пресрекни што и компјутерот може на прошетка во дворот каде со негова помош добиваме нови непознати информации.

  

ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ПРАВИЛАТА НА ИГРАТА-Бззз

Активно слушаат и ги меморираат правилата на играта која ке ја играме а сме слушнале за неа од нашите баби и дедовци.Презентирањето може да биде од страна на наставникот,ученици ментори или поканет гостин(бабичка или дедо кои ја играле играта).Додека едно од децата мижи другите брмчат и зујат- БЗЗЗЗЗЗЗ -како инсекти и еден го допира ученикот по раката.Ученикот кој мижел ги отвара очите и треба да погодува кој го допрел а останатите деца сеуште викаат БЗЗЗЗЗ.Ако погоди си ги заменуваат местата а во споротивно играта се повторува.

Потоа ја играме играта "Бззз…”,внимаваме на правилата. 

-Во играта додаваме мала измена и ја играме со помош на гумените модели па на тој начин именуваме инсекти и повторуваме за инсектите и станува уште поинтересно.

Учениците се насочуваат кон почитување на правила,прифакање на пораз и радување на туѓа победа.

  

ПРОШЕТКА ВО БЛИСКАТА ОКОЛИНА

За време на прошетка во блиската околина пронаогаат инсекти и ги опишуваат. Разговараат за нивните живеалишта,користа и штета од нив.

  

Преку разговор  доагаме до заклучоци дека треба да се има позитивен однос кон живиот свет...

Да не се уништува ничие живеалиште кое со труд е направено...

Да не загадува околина нити да се кршат гранки додека се прeстојува ,учи или игра во природна околина.

  

Уште неколку пати ја играат играта Бззз имитирајки разни инсекти.

 

СЛЕДУВА РАБОТА ВО ONE NOTE за евалвација на наученото

-Во One Note апликација бришат апликации кои не се инсекти а се поставени на слика подготвена од наставникот.Работаат во две групи и се помагаат мегусебно .Водат разговор и во некои моменти дури и применуваат гласање за да се согласат околу тоа дали апликацијата која е спорна во мометот претставува птица или инсект. На овој начин наставникот стекнува претстава кој ученик колку научил на ненаметлив начин на испрашување и проверка.

-Во One Note апликација цртаат и обојуваат инсекти според пример апликација поставена на секоја стана.

-На крајот со помош на ученици ментори ги споделуваат своите израбoтки преку Sky Drive неколку родители и другарчиња од соседното село со кои наставникот остварил контакт и се договорил за соработка.Преку поштата Windows Live добиваат повратна информација од страна на оној кој ги видел цртежите а писмата им ги чита ученик-ментор од петто одделенеие.

 

ЗАКЛУЧОК:

Учениците донесуваат заклучок дека успеале низ игра да ги утврдат своите претстави за инсектите,да и разликуваат и да не ги поистоветуваат со птиците како што беше случај пред почетокот на овие активности. Треба да се има позитивен однос кон живиот свет...Да не се уништува ничие живеалиште кое со труд е направено...Да не загадува околина нити да се кршат гранки додека се прeстојува ,учи или игра во природна околина.

Знаат многу повеке податоци и имаат одговор на многу прашања.Научија дека информации може да се добијат на повеке начини и од повеке извори .

Додека работеле ги употребиле алтките за цртање и боење на One Note апликацијата.Користеле Интернет за учење преку видео клипови.Bling пребарувач за учење преку фотографии.Стекнале претстава како може нивните изработки да ги види некој кој е далеку и колку брзо може да стигне повратна информација преку електронско писмо.

 

 

Примена на ИКТ

Internet(YouTube клипови за инсекти)Bing пребарувач

One Note aplikacija na Microsoft Office

Sky Drive

Windows live mail

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци