Ние децата чувари на природата - Темперни боички од брашно и прехрамбена боја
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Подготовка на наставно средство  по Математика заедно со реализирани и други предлог активност

Темперни боички од брашно-Ликовна истражувачка активност

 
Потребно ни е - Брашно, бои за торта, вода, кесички, чаши.
ЦЕЛИУчениците да дознаат дека познатите средства можат да се прилагодат и користат како нестандарден ликовен материјал; развој на ликовната љубопитност; унапредување на навики за взаемно помагање и соработка; негување позитивна училишна клима.

 

Поими- растворливо, течно-цврсто, меко-тврдо, мазно, тесто, темпера

ИСТРАЖУВАЧКИ МОМЕНТИ
За време на оваа активност учениците претпоставуваа од што по колку треба а потоа се обидуваа да направат правилен сооднос на брашното, водата и бојата. Откриваа што е потребно да се додаде доколку смесата наликува повеќе на пластелин, е погуста, или е ретка па треба да се стави повеќе брашно. Слично го добивавме и интензитетот на бојата која сакавме да ја добиеме. Иако работаа индивидуално, учениците ја согледаа потребата од барање и пружање помош на останатите.  

  

 Активноста беше во функција на подготовка на средство за работа за следните активности по МАТЕМАТИКА. Смесата можеме да ја користиме цела недела а можеби и повеќе. Треба само малку да се промеша и спремна е за повторно користење . 

ПРЕДЛОГ ИНТЕГРИРАНИ АКТИВНОСТИ

"Шарени рачиња за весели поздравчиња"

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ -Отпечаток

МАТЕМАТИКА- Лева, десна рака (вежби, проверка) Шлап со лева-шлап со десна, играва е интересна

ИГРА ВО ПАРОВИ

Секој ученик прави свој отпечаток на лева и десна рака. Потоа се заменуваат со другарчето -Ајде да откриеме со која боја сум направил отпечаток со лева а со која боја со десна рака.

ИГРА ЗА ГРУПА ОД ЧЕТВОРИЦА УЧЕНИЦИ, двајца судии и еден нарачател

 Околу поголем хамер на маса или под. За оваа игра ни треба еден ученик кој ќе ги нарачува печатите. Играта ја следат двајца судии кои треба будно да следат. Сите учесници избираат по една боја за себе ги мачкаат двете раце со бојата а потоа-

- Ученикот кажува лева или десна рака а учениците треба брзо да реагираат и да стават печат. Потоа сите разгледуваат отпечатоците на хамерот, дали е можно некој да погрешил. Ако некој направи грешка треба да ја почека следната игра а останатите продолжуваат повторно со нова нарачка. За следнот круг нарачателот нарачува два пати на брзина и може два пати да нарача отпечаток со иста рака или како полесна варијанта-еднаш да каже лева и еднаш десна. Потоа нарачаува три отпечатоци...

Математика-Просторни шаблони-секвенца на бои

Решавање проблемски ситуации, секвенца на бои-просторни шаблони , воочување низа, вежби за разбирање на низата како нешто што се повторува по ист редослед.

Броење , бројни вредности до 20 или 100 ,

редни броеви, запишување на броевите по редослед под секоја монистра во низата.

http://sitezazemjata.ucoz.com/index/prostorni_shabloni_sekvenca_na_boi/0-86

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци