Ние децата чувари на природата - СТРУЈНО КОЛО-Истражувачки активности
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Светилката ги бара пријателите кои можат да и помогнат да свети

СТРУЈНО КОЛО-Истражувачки активности

 

За време на оваа активност НАУЧНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ е фокусирано на: Стекнување основни појдовни претстави преку  разговор со возрасни,  примена на ИКТ и поврзување со секојдневното искуство;  предвидување; планирање на истражувачката работа, изработка на струјно коло,  истражување и тестирање на електрични кола и откривање на проблеми во работата на струјните кола; правење набљудувања и објаснување што е откриено и како е решен проблемот или зошто не е решен, разговор- дали резултатите ги поддржуваа предвидувањата.

ЦЕЛИ И ОЧЕКУВАЊА ОД ОВАА ИСТАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ:

Користи (различни извори) секојдневни искуства, разговор со возрасни, примена на ИКТ, за добивање на информации потребни за понатамошно истражување. Собира докази со набљудување кога се обидува да одговори некое научно прашање.

Ја планира истражувачката работа  Предвидува што ќе се случи пред да одлучи нешто да направи. Поставува прашања и предлага начини како да се одговорат . Спроведува научно истражување . Набљудува и ги запишува набљудувањата. Добива и претставува докази. Разгледува докази и прави споредби. Користи различни начини за да им каже на другите што се случило. Разгледување на доказот и пристапот -прави споредби. -идентификува едноставни модели и асоцијации - зборува за предвидувања (усно и во текст), за исходи и зошто тоа се случило.  Разгледува и објаснува што се случило. Препознава елементи на прости кола вклучувајќи батерии. Идентификува едноставни модели и примери . Знае како прекинувач може да се користи за прекин на струјно коло.

Клучен вокабулар-

Батерии, Светилки , Држач за батерија,  Струјно коло,  Жицаи, Прекинувач 

 

 

- Кои делови се потреби за да овозможиме светилката да свети.
- Активности со расипано струјно коло- НЕКОЛКУ РАЗЛИЧНИ ПРОБЛЕМСКИ СИТУАЦИИ-Претпоставуваме што може да не е тука во ред..Можеби батеријата, можеби се откачила жица..или прегорела сијаличката...
Драмски игри- Ламбичката што сакала да свети...

Заклучок: Што ви е потребно за една сијалица да светне?  Струјното коло треба да биде непрекинато (затворено).

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци