Ние децата чувари на природата - Сто полжави
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Инегрирана истражувачка активност "Сто полжави"

  

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ--Ликовни истражувачки активности
Линија, вочување долги и куси прави и криви линии , цртање линии
Цели-Да се поттикне фокусирано да ја набљудува околината. Да се оспособи да користи лупа за набљудување.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Обработка на стихотворба со примена на драмски техники-Раздвижени стихови и Насочена фантазија.

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА=НАУКА
"Господин Полжав"- Дел од живиот свет во мојата околина
Цел-Воведување во основите на учење преку истражување (Месец септември) Да предвидува и фокусирано да истражува. 
Да препознава и опшува надворешен изглед. Да собира докази,  споредува претпоставка со резултат од истражување. Да се поттикне да ја согледа поврзаноста помеѓу животните и растенијата. Да се запознае со карактеристики на живата природа. Да се поттикне грижлив однос кон природата за време на престој во неа. Развој на  хуман однос кон живиот свет.

Корелација со МАТЕМАТИКА
Броење, собирање и претставување на податоци
 

ПРЕПОРАКА ЗА СОБИРАЊЕ ПРИРОДЕН ДИКАТИЧКИ МАТЕРИЈАЛ СО ПОВЕЌЕ НАМЕНИ- Направете акција за собирање празни куќички од пожави, вклучете ги поголемките ученици а може и родителите. Соберете 100 полжави.  Куќичките од полжавите можат да бидат многу забавно дидактичко средство по Математика и можете да ги користите цела учебна година за собирање, одземање, редни броеви, споредување. http://ucimenizigra.ucoz.com/index/pinokio_uchitelot_polzhavkovski_i_uchenichi_ata_polzhavchi_a_prv_den/0-276

 


АКТИВНОСТИ

ВОВЕДЕН РАЗГОВОР
 Раговор- Опишување според сеќавање- КАКО ИЗГЛЕДА ГОСПОДИН ПОЛЖАВ ПОЛЖАВКОВСКИ и што знаеме за него. Играме диригирана драмска игра- Насочена фантазија. Имитираме полжавчиња, бавно движење, цртаме полжави во воздух. Размислуваме  и се договараме-КАДЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ГО БАРАМЕ ГОСПОДИН ПОЛЖАВ АКО САКАМЕ ДА ГО ВИДИМЕ ВО ЖИВО? "Може тука во дворот но не веруваме, во песок не сака да живее, сака трева. Најсигурно е да одиме тука до блиската ливада." ШТО НИ ТРЕБА ДА ПОНЕСЕМЕ СО СЕБЕ? (Садови за примероци, лупи, "нешто за седење за да се одмориме малку")


Истражувачка активност во природа
"Каде сте полжавчиња?"

Најпрвин проверивме во песокта во дворот и навистина сме биле во право-Господин Полжав не сака да живее во песок. Потоа се упативме кон блиската шумичка. Се договоривме да бидеме внимателни и добри кон се што е живо. Собираме полжави, празни куќички, суви гранчиња, броиме, опишуваме, набљудуваме со голо око и со лупа. Напрваивме споредба како е поубаво да се гледа и заклучиме дека со лупа може да се видат ситни нешта кои без неа е тешко да се приметат. Откривме како треба правилно да ракуваме со неа за да биде успешно нашето набљудување.

ТУКА ДЕЧИЊАТА ПОСТАВИЈА МНОГУ ИНТЕРЕСНО ПРАШАЊЕ- Зошто некои куќички се празни? Каде е сега полжавот?

 Што ако ние ги собереме сите празни куќички и направиме своја збирка во училницата? Дали Господин Полжав некогаш повторно ќе ја бара да се врати во својата празна куќа? " "Можеби ќе дојде во училницата да си ја бара куќичката...Јас би сакал да пробам да однесам една куќичка во училницата и да видам дали ќе оди да ја бара.."...Не ни остана ништо друго освен тоа да го провериме...Имено, радоста на дечињата беше толку голема што не се осудив уште веднаш да им објаснам дека полжавот се исушил и веќе го нема, туку ги оставив да претпоставуваат и да разговараат на таа тема, што би можело да биде и беа толку интересни и посебни но сите оптимистички расположени дека тој мора да се врати, мора да е некаде на прошетка или си направил нова куќа бидејки оваа му била стара. Им кажав дека за таа информација најдобро ќе биде да прашаме една наша наставничка која предава Биологија. Така, вистината им ја објаснив малку подоцна, божем тогаш ја дознав таа информација, а потоа си разговаравме како сите живи суштетства се раѓаат, растат и умираат.  

АКТИВНОСТИ ВО УЧИЛНИЦАТА

Групна работа
       -Набљудување со голо око и со помош на лупа.

Опишување на собраните примероци, броење, воочување различни видови линии , сличности и разлики.

  

Работа во групи со слободни ротации
Активности на располагање на учениците:

1. Попис на содржината на нашата природна збирка

-Колку и кои различни материјали ги имаме тука .

-Изработка на цртан "извештај" за видовите собрани примероци од природата-  Собирање и запишување податоци.

  

      2 -Цртање полжави во Paint со примена на Pen Tablet. Цртање на Smart табла

       3-Изработка на групна слика-Полжавчиња во природа.

Ликовно изразување со цртање и комбинирање на природни материјали. Унапредување на навики за тимска работа, соработка и поделба на задолженијата

   
СЛЕДНА ЗАЕДНИЧКА АКТИВНОСТ
 Обработка и интерпретација на стихотворбата "Сто полжави"

"Сто полжави"
Сто полжави цела чета
низ шумата смело шета.
Командант е дебелиот
најстариот,најсмелиот.

Сите одат храбро в слога,
секој носи по два рога.
Па мецана нека пази
чија трева сега гази.

со примена на драмска техника Наративна пантомима.

1-Воведна целосна интрепретација од страна на наставникот со цел, запознавање со содржината.

2-Анализа на непознати зборови  

3-Избор на пантомимични движења за клучни зборови

4-Групна интерпретација со примена на договорената техника

ВИДЕО ЗАПИСОТ Е ВО ИЗРАБОТКА

 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци