|
САЛАТА Бојан сака салата и затоа ја сади. За да расте побрзо со водичка ја вади. А пред да ја издроби со вода ја плакне, зошто може полжавче со рогови да лапне.
ЦРЕШИ Нашите цреши многу се зрели. Има и црвени има и бели.
Ако е една во уста ја ставам. Ако се две обетки си правам.
ЈАБОЛКО Јаболченце црвено на висока гранка ајде ајде јаболко ти на земја падни.
Ти си многу високо тоа не е шега ај да дувне ветренце веднаш ќе те земам.
ПЛОДОВИ Поле,трева стогови, растат сочни плодови.
Најјадри се ранките од нив тежат гранките.
Уште не дозреале мириси развеале. Очиња отвориле во сонца се престориле.
Поле,трева стогови, растат сочни плодови.
ПЛОДОВИ
Плодовите, мама ми вели, се јадат кога се зрели. Важно е да се миени, со нешто чисто покриени. Еднаш да каснеш голем да раснеш.
ЗЕЛКА ЗЕЛЕНА
Зелка зелка зелена, на три дела делена.
Едното мене, другото тебе. Третото го нема, зајчето го зема.
Четкичка Четкичка ми купи мама запчиња си мијам сама.
Натро,навечер јас ги мијам секој ден.
Запчињата ми се здрави, секој таканека прави.
Здрави заби,насмевка имајте си дечиња.
|
Учиме низ игра http://ucimenizigra.ucoz.com/
 
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените, или да го адаптирате ова дело за реупотреба во свои дела (филмови, научни трудови, публикации, медиуми...) Секое пренесување или користење на содржините и идеите без согласност на авторот и без наведен линк до оваа страна, подлежи на кривична одговорност за повреда на авторски права. Слободно може да се споделува непроменето и да се користи како прирачно средство при реализација на ваши интерни часови. Не смее да биде користено како помагало за време на обуки и семинари без присуство на авторот
Ние знаеме како се раѓаат пеперутките
А знаеме и каде живеат

Наставник Весела Богдановиќ veselabogdanovik2@gmail.com
Прво одделение ОУ"Кочо Рацин" с.Ивањевци

|