Ние децата чувари на природата - Сончева, водена, љубопитна забава (ИСТРАЖУВАМЕ НИЗ ИГРА)
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Сончева, водена, љубопитна забава
Дружината-СОНЧЕВИ, ВОДЕНИ ПАЛАВКОВЦИ <3
 
 (ИСТРАЖУВАМЕ НИЗ ИГРА)
 
КОМПЛЕТЕН ВИДЕО ЗАПИС ЗА ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИТЕ
 
 
Содржина:
1. Сончева енергија+сончева градина+сончева ограда=ТОПЛА ВОДА ЗА СОЛАРНА ЖУРКА ♥ 
Луѓето кои живеат во село честопати практикуваат да остават шишиња полни со вода на сонце. 
Зошто го прават тоа? Ајде да провериме дали навистина Сонцето може да ја стопли водата во нашите огради од шишиња и цветни пластични декорации. Да ја подготвиме нашата еко градина а потоа да ги оставиме цветовите и оградите да се греат на Сонцето
 
Да видиме што открија нашите поголеми другарчиња со помош на интернет и спроведена анкета?
 Од кога постојат соларни панели? Дали луѓето во нашето село штедат на овој начин?
 
2. Распеано вибрафон истражување
Прашање
Може ли да се свири и на пластични шишиња?
Претпоставка
"Не затоа што пластиката нема да даде звук, може само но стаклени шишиња"
Провека и заклучок
"Можело..Ама звукот е послаб, малку се слуша, поинаков е,подобро е со стаклени шишиња ама и ова беше интересно да се проба"
3. Бродчиња и автомобили кои се дижат со помош на сончева топлина
Прашање
Дали Сонцето ќе може да замени батерии за да се движат сами нашите играчки кои во себе немаат батерија?
Претпоставка(мислења):
"Не, во нив нема батерија и не би можеле да се движат. Може само бродчето да се движи ако го ставиме во вода и да дуваме со уста"
Проверка и заклучок-
"Може, играчките се движеа иако немаат батерија во себе но ако го покриеме со далнка црното поле од каде прима сончева светлина тогаш застануваа. Значи навистина Сонцето може да помага да се движат овие сончеви автомобили и бродчиња" 
 
4. Мерење со термометар и споредување
(водата од чешма и водата од еко цветната градина)
 
 
Навистина водата која се топлела на сонце е многу потопла од онаа од чешмата .Тоа го покажа и термометарот но и со дланките и со босите ножиња може да се почувтсвува голема разлика.
ЗАБАВАaaa !!!! :-)))
 
 
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци