Ние децата чувари на природата - СОНЧЕВА ЉУБОПИТНА ЗАБАВА-ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



СОНЧЕВА ЉУБОПИТНА ЗАБАВА-ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ

 

Автор-Весела Богдановиќ. Соработник Кате Кутлешовска Тасевска. Вклучени наставници- Александар Секирски, Ленче Стојановска, Татјана Божиновска. Педагог-Анета Николовска.

Реализација-Мај-Јуни 2013

ИДЕЈА-МОТИВАЦИЈА-ФУНКЦИОНАЛНИ И ВОСПИТНИ ЦЕЛИ

Она што е за мене главна цел и ориентација за време на планирањето на наставата е - Да се задоволи детската потреба за игра, да се поттикне љупопитноста како движечка сила, секојдневно да се унапредува и докажува соработката и взаемното помагање  и на тој начин училиштето да се доживува како пријатно, омилено место. Децата најлесно учат и покажуваат истрајност и упорност кога целите и задачите ги реализираме на ненаметлив начин, во спој со игра, заедно со истражувања и наука. Интересно им е кога имаат прилика да пренаменат отпадоци и истите да ги користат за време на часовите како дидактичко средство. Сакаат да творат комбинирање на нестандареден ликовен материјал а најмногу од се сакаат да учат во природа, надвор од училницата заедно со повеќе другарчиња од различни возрасти и други подрачни училишта.

Токму тоа се целите на оваа проектна активност во кои учиме, истражуваме и го утврдуваме стекнатото знаење по разлините наставни предмети на крајот на учебната година.

Беа вклучени дел од учениците од вишите одделенија од нашето централно училиште како и учениците од подрачното училиште од село Трновци.

 

КОНКРЕТНИ АКТИВНОСТИ

Чадорчиња

за учење низ игра

 

за едукативни игри со броеви,зборови,реченици,букви
 
-За играње стара традиционална игра "Плетипрсти"
-За мерење со конец како нестандардна мерка за должина и споредување  
 -За творење со пренамена на стаклени теглички во садови за чување дидактички материјал
 
 
 
Дружината-СОНЧЕВИ, ВОДЕНИ ПАЛАВКОВЦИ <3
 (ИСТРАЖУВАМЕ НИЗ ИГРА)
 
Истражувачки активности на отворено
 
 
 

 

 

 

 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци