Ние децата чувари на природата - Солена и слатка подводна авантура
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Солена и слатка подводна авантура-Интегрирана активност

ВОВЕДУВАЊЕ ВО ИСТРАЖУВАЧКИ АКТИВНОСТИ и ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА СТИХОТВОРБА

со примена на драмската техника РАЗДВИЖЕНИ СТИХОВИ (Втора недела од месец Септември)

ВИДЕО ЗАПИС ОД АКТИВНОСТА

   

ПРЕГЛЕД НА АКТИВНОСТИ (за детален увид погледнете го снимениот час)
Раскажување по сеќавање
-Работа со енциклопедија како извор на податоци

 
-Класификации-Кој живее во вода..(бокал и гумени модели, риби и животни)


-Опишување(школки и езерски камчиња)
-Да ги одделиме школките и камчињата
-Проверуваме-Колку и какви по големина делови ни требаат за да составиме една цела школка...
Колку цели школки успеавме да составиме..

 
-Разговор на тема-Каква е по вкус морската вода а каква во езрото
-Правиме солена морска вода
..Премногу сме ја направиле солена-заклучуваме и смислуваме како да има вкус баш на таа вистинскатаод морето..Ќе ставиме повеќе вода....Не, ќе ја ставиме оваа чаша во големиот бокал со чиста!..И сега можеби не е иста, во морето не била толку солена..И не е баш вкусна...Доста ни е од пробување солена вода :-)Сега да ги ставиме рибите да си пливаат. Овие риби биле морски и сакале солена вода.

 
-Сега ќе си направиме подводен свет со најлонски кеси(работа во парови)
Најпрвин треба да ставиме 5 школки а потоа 5 камчиња во секое најлонче..Потоа може уште по пет па вода и готов е морскиот свет.

   

 
-Со сини најлони ќе направиме река на масичките..
Така со помош на таа река и примена на драмската техника РАЗДВИЖЕНИ СТИХОВИ, најлесно ќе ја научиме песничката за рибарот Пеце..

 

 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци