Ние децата чувари на природата - Снегот не е шлаг,ни солен е ни благ
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Снегот не е шлаг, ни солен е ни благ
Интегрирани истражувачки активности по запознавање на околината и ликовно образование
Поставување на хипотези и нивно проверување
 
ЕВЕ ШТО ИСТРАЖУВАВМЕ:
  
1-Снегот низ нашите сетила-
(на што ни личи додека го гледаме,каков е по вкус, има ли мирис,што чувствуваме при допир,што се слуша додека чекориме низ него)
2-Дали можеме да цртаме на снегот?
3-Со што можеме да цртаме на снегот?
4-Може ли со снег да ги измиеме нашите валкани раце кога не би имало вода.
   --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- 
Да започнеме најпрвин да истражуваме со нашите сетила
На што не потсетува снегот додека го гледаме
-Не потсетува на шлаг, на сладолед бел, на пена од сапун...
Каков вкус има снегот?
Сме се обиделе ли некогаш да пробаме?
Ајде да бидеме искрени и да си кажеме))
-Сме пробале снег скршно да не не види никој, но не сме се сетиле да размислиме дали има вкус.
Ајде сега да пробаме малку.Ќе внимаваме да одбереме место каде снегот е чист и ќе пробаме само малку.
-Забежележуваме дека е ладен,нема вкус...Има вкус на вода...Повеќе би се сложиле дека нема вкус.
А има ли мирис?Ајде да мириснеме
"Нема мирис овој снег бидејќи е чист но ако е валкан со нешто, може да мириса.
Ако е валкан од автобусот или од колата ќе мириса на бензин,тоа порано сме забележале"
 
  
Што се слуша додека некој чекори низ снегот?
Ајде еден да се движи а ние другите внимателно да слушаме.
Што слушнавме?
-Слушнавме крц-крц,или трап-трап-имитираа децата
 
 Подготовка на  сликовница
-СЕ ЗА СНЕГОТ-
Во неа ќе ги ставиме сите наши претпоставки и откритија од ова мало интересно истражување
  
Скоро сите се согалсивме дека на некој начин може да црта на снегот.
Може со прст,може со дрвце..
Сега ќе биде интересно да провериме дали може да се црта со фломастер и отворен и затворен.
Сакаме да се обидеме дали може да се црта со ножички и со молив.
Еве како го проверувавме тоа
  
Да, може да се црта со молив,со ножичка.
Може и со фломастер!
Најпрвин се обидовме со затворен па така цртавме и во снегот се забележуваа траги од нашите креации.
Потоа го отворивме и забележавме дека и така може.
Можело и со математичка плочка.
 
  
Еве една интересна слика
Кога истражуваме навистина е забавно
  
Сега ќе провериме со што можеме да оставиме траги,отпечатоци во снегот.
Знаеме дека тоа може со дланка, може и целото тело ако легнеме во снегот.
Тоа си го знаеме.Сега ќе провериме со други интересни предмети.
Ќе играме игра ПОГОДУВАЊЕ
Еден ќе мижи а другите ќе направиме еден отпечаток и ќе чекаме другарчето да погодува
 со кој предмет сме го направиле.
Еве вака
  
  
Потоа отидовме во училницата да се стоплиме малку.
Нашите откритија ги запишуваме во сликовницата.
 
Само уште ова да го провериме и толку за денес.
Да си замислиме дека снемало вода во нашето училиште а надвор има снег.
Може ли со снег да ги измиеме нашите валкани раце?
Најпрвин убаво ќе ги извалкаме рацете.А како тоа ќе го направиме?
Едноставно, ќе го допреме подот и влакни се нашите рачиња.
  
Некои мислевме дека снегот само уште по веќе ќе ги извалка нашите валкани рачиња но ете,чисти се!
  
Нашата сликовница е готова.
Сега ќе ја покажеме на поголемите другарчиња и ќе им раскажеме 
какви истражувачи бевме ние денес.
 
 
 
 
 
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци