Ние децата чувари на природата - Сликање и печатење нa вода(Техника ЕБРУ)
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Импровизација на древната турска ЕБРУ техника за сликање на вода
(Продолжение на истражувачката активност-Да провериме што се се раствора во водата)
Упатство за реализација
За време на интегрираните активности акцентот е ставен на примената на поимите СЕ РАСТВОРА, НЕ СЕ РАСТВОРА од темата Ликовни истражувачки активности.
Така ЛАКОТ за нокти, како материјал кој не се раствора во вода, со печатење врз различна амбалажа ни помогна да направиме кутии за боички и убави украси.
Потребна е претходна добра подготовка на наставникот кој мора убаво да осмисли на кое место која активност ќе се изведува, поради употребата на голем број материјали. Доколку се работи за голема група деца, наставникот може учениците да ги подели во мали групи или подобро во парови уште претходниот ден и да им даде задолженија околу потребните материјали за работа кои ќе треба да ги донесат. Наместо чинија за работа,децата може да користат кутии од маргарин или друга пластична амбалажа.
ВИДЕО ЗАПИС 
 
Забелешка
Техниката eбру за прв пат се појавила во Кина под името Суминагаши. За сликање користеле туш кој го распрскувале по површината на водата а потоа ставале хартија врз водата за да се направи отпечаток на неа. На тој начин ги украсувале кориците на древните книги а подоцна преминало и во сликарска техника за правење украсни слики. Подоцна техниката ја превзеле турските уметници и ја прилагодиле за работа со бои со тоа што водата најпрвин ја згуснувале со смола а потоа капеле врз неа бои претходно помешани со животинска маст или мрасни бои.
 
 Ова што ние денес го правевме е различно од она што всушност претставува таа техника поради материјалите кои ги користевме, но затоа пак самата постапка, метода, го оправдува името на нашата активност. Она што е посебен наш печат и наша идеја е токму печатењето врз стаклени и пластични шишиња и тегли и нивна пренамена во кутии за фломастери.
 
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци