Ние децата чувари на природата - Рипчето кое сонувало чиста река
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Диригирана драмска игра

"Рипчето кое сонувало чиста река" (Јас, рипчето, ви раскажувам...)

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ЦЕЛИ- Развој на фантазијата и вештината за слободно изразување,  говорно творештво и слободни драмски интерпретации. Слушање со разбирање.

Примена на драмска техника-Наративна пантомима

Во корелација со ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА- Унапредување на еко свест и грижлив однос кон живиот свет

Што ни треба за оваа активност?

Наставникот треба да подготви или прилагоди соодветна содржина, разговор во прво лице. Стари најлонски сини кеси или платна за да се подготви сцена за работа ( Ги собираме преку акција за собирање во соработка со родителите и можа да ни служат за различни намени во текот на годината)

Воведна активност на учениците-Изработка на апликации РИБИ од хартија кои понатаму ќе можат да служат за различни намени најмногу на часовите по математика каде собираме, одземаме и споредуваме. Може и за истражувачки активности-МАГНЕТ. Подготовка на сцена

Пред да започнеме со интерпретација на соржината треба да им кажеме на дечињата дека и тие имаат интересна задача- Треба  внимателно да слушаат бидејки можеби рипчето нешто ќе ги праша. Треба внимателно да следат и да ги повторуваат движењата кои ги прави наставникот за време на раскажувањето зошто така рибата ќе види дека има многу добри пријателчиња тука со неа. На овој начин се обезбедува будно внимание од страна на сите ученици кои со нетрпение чекаат момент за имитација или прашање за одговарање.

И така , на почетокот на оваа активност интерпретирав монолог во кој раскажував за реката која некогаш била многу чиста и сите животни од шумата доаѓале тука да пијат вода па така било многу, многу весело. (зборувам од името на една портокалова тажна рипка) Ова е прилагодена интерактивна приказна која ја подготвив  според мотив од приказната Тажното Езеро од авторот на детска литература Душица Бојовиќ. "Тука во реката некогаш живееја многу мои пријателки, сестрички и братчиња и сите заедно си игравме весели игри, еве вака- Скок-шлап..скок-шлап..Гоооре видоко...долу длабоко..Горе видоко-долу длабоко. Од реката можев да го видам Зајко доаѓа тука и како пие вода а потоа скок, скок, скок, скок, весело скока. Дури и Баба Мецана доаѓаше тука да се напие вода, полека со бавни чекори, десна, лева, десна, лева...Дечињата често доаѓаа тука и си играа  подавање со тока-фрлај далеку- фаќај, фрлај далеку-фаќај..Шут со лева, шут со десна, шут со лева, шут со десна.. Но сега реката е многу нечиста. Мириснете колку лошо мириса. Погледнете колку отпадоци фрлаат луѓето во неа..Ниту срничката ниту Зајко ниту Баба Меца веќе не доаѓаат тука а многу од моите пријателки риби си заминаа да живеат во една чиста река, онаму во полето далеку. Тука останав јас и моите сестсрички и братчиња но и нам ни е тешко да живееме тука. Ќе сакате ли некако да ни помогнете? Како би можеле да ни помогнете? ( Ќе го исчистиме ѓубрето...Можеме да им кажеме на луѓето на не фрлаат ѓубре или да напишеме на нешто да стои тука и сите да читаат.....)

Потоа активноста ја препуштив на учениците. Секој од нив беше во улога на тажната рипка а останатите следеа и помагаа да биде интересно. Претходно им напоменав дека слободно може да измислуваат свои реченици и да даваат свој тек на приказната а дури и да вметнуваат други ликови . Откако сите ученици ја изиграа улогата на рибата спонтано продолжија да креираат дијалози, интересни но и поучни. За крај уште еднаш се навративме на проблемите кои ги имала рипката у уште еднаш укажаме на што би можеле ние луѓето повеќе да внимаваме за да не ја загадуваме околината.

ЗАДАЧА ЗА ДОМА

 Секој од учениците да си одбере по еден лик, животно, инсект, растение или човек. Да направи кукла на стапче и да смисли што би сакал тој да ни раскаже, каков проблем би можел тој лик да има.( Раскажување по аналогија) Следниот ден половината од учениците имаа подготвени кукли а останатите немаа кукли но секој од нив сакаше да се обиде да глуми и да ни зборува од име на дрво на кое децата му кршеле гранки, цвеќе кое е тажно бидејки никој не го полева со вода, риба во валкано езеро, зајаче на валкана ливада, мечка која е тажна бидејки луѓето палеле оган и го заборавиле и потоа шумата изгорела..

 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци