Ние децата чувари на природата - Риби од камчиња за весела Математика
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



ВОДЕНА МАТЕМАТИКА

   

-Реализирање на активност со употреба на наш, претходно изработен дидактички материјал:

- РИБИ ОД КАМЧИЊА, Аквариуми од големи пластични шишиња-Базени од син најлон-Знаците за споредување направени од пластелин, ставени во метални затварачи за тегли.- Power Point работна презентација- Пингвинот Прцко лови риби-Картички со броевите до 10-Ленти со задачи со дополнување. Активноста беше реализирана во училница и на отворено.

ДИДАКТИЧКИ ПРЕПОРАКИ- Оваа активност бара добро и прецизно претходно осмислување на просторот за работа. Доколку се работи со поголем број на ученици истата треба да биде соодветно прилагодена зато што прикажанава реализација е возможна со група до 15 ученици. За подобар увид во текот на активностите корисно е присуство на двајца ученици ментори од вишите оделенија кои би биле задолжени да ја надгледуват работата и да ги потсетуваат учениците на правилата и редоследот за работа. Подоцна во текот на активностите истите ќе имаат улога да запишуваат анегдотски белешки со напредок и потешкотии кај одредени ученици. За изведување на оваа активност ни беа потребни два часа па затоа часот по математика го поврзавме со еден час Слободни ученички активности во рамки на проектот-КАМЕНКОВЦИ
СОДРЖИНА- Вежби, повторување и утврдување
-Препознавање  на броевите до 10  и придружување соодветна бројна вредност.
-Дополни до 10 на различни начини
- Собирање и одземање до 10

-Спредување на броевите до 10 и претставување, докажување со дидактички материјал
-Крирање свои нови задачи, предизвик  за другарчето- Работа во пар

Активноста е погодна и за вежби со броевите до 20 што значи дека може да биде прилагодена и да послужи во рамки на новата програма по Математика.

АКТИВНОСТ ВО ДВОРОТ

ФРОНТАЛНА АКТИВНОСТ со цел воведување во понатамошни индивидуални активности

Подготовка на аквариуми за работа

 

Вежби-Препознавање на броевите до 10 и нивните бројни вредности-Извлечи карта со број и стави соодветен број риби во аквариумот

 

Втора вежба-Дополни риби до збир 10 во три садови-

 

АКТИВНОСТИ ВО УЧИЛНИЦАТА

Најпрвин секој ученик доби по неколку задачи кои ќе треба да ги реши а повторно се работеше за собирање до 10- Направи збир 10 со дополнување на различни начини. Учениците имаа слобода задачите да ги решат без употреба на дидактички материјал но потоа со негова помош да докажат пред другарчињата како ги решиле задачите или, доколку им треба помош можеа уште веднаш да пристапат кон решавање со помош на дидактички материјал. За оваа цел дечињата на располагање имаа четири манипулативни центри-

1. ЕЗЕРЦЕ ОД СИН НАЛОН СО РИБИ ОД КАМЧИЊА

 

2. ТРИ ЕЗЕРЦА И РИБИ ОД КАМЧИЊА

 

3. ТРИ АКВАРИУМИ ОД ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА И РИБИ ОД КАМЧИЊА

 

4. РАБОТА СО ТАБЛЕТ И ИНТЕРКТИВНА ТАБЛА

 

Ја следев и насочував работата и воочува каков пристап има секој од дечињата. Учениците работаа самостојно но сепак меѓусебно се помагаа, се насочуваа и охрабруваа. Дел од учениците уште веднаш пристапија кон манипулативниот материјал и решаваа со негова помош а останатите најпрвин ги решаваа задачите а потоа покажуваа и објаснуваа со помош на камчињата. Учениците кои веднаш ги решија задачите имаа предизвик да состават свои нови задачи и да ни ги презентираат. Еден од учениците ментори беше задолжен да води анегдотски белешки и да запишува постигања а другиот ученик имаше задача да запишува потешкотии кај одредени ученици.

Потоа како мал одмор, од пластелин и стари капаци од тегли изработивме повеќе знаци за споредување и собирање за да ја збогатиме нашата веќе подотвена збирка од минатиот час.

 

Сега учениците добија нови задачи во кои ќе треба да собираат, одземаат но и да споредуваат две бројни вредности. Најпрвин секој од учениците ги решаваше своите здачи а потоа пред останатите покажуваше со помош на дидактичкиот материјал. И за време на оваа активност учениците се помагаа и соработуваа, разменуваа пријателски совети. Иако дел од учениците решаваа со помош на другарче јас лесно можев да добијам претстава за потешкотиите на поединците. Важно беше никој да не почувствува немоќ и сите задоволни и упорни да се обидуваат да решаваат задачи за да стигнат до за нив најинтересниот момент-Покажување со манипулативните средства

 

 

Активноста ја продолживме на отворено каде од сини најлонски кеси направивме езерца а потоа и малку ги наполнивме со вода.

 

За да биде задоволена потребата за игра најпрвин дечињата со боси ноџиња скокаа во базените и се радуваа. Потоа, по оваа кратка пауза нивното внимание повторно беше целосно насочено кон нашите задачи.

Овде уште еднаш сите заедно ги разгледавме и докажаме  задачите

за кои претходно забележав дека беа тешки за дел од учениците.

 

Бидејќи интересот беше огромен, освен тие задачи решивме уште неколку, поделени во два тима

 

Обидете се и вие. Ви ветуваме интерена водена забава за учење низ игра. Ние сите би сакале оваа активност да ја повторуваме бесконечно затоа што е многу забавна.

 

 

 

 

 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци