Ние децата чувари на природата - Рециклираме- Сандучето Еко Пофалувалко
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Рециклираме- Сандучето Еко Пофалувалко
Како воведна активност ги погледнавме овие два видео записи за да стекнеме претстава
 што се може да се направи со малку креативност и фантазија.

  

 
А еве што направивме ние со
 хартии во боја, стара кутија за чевли и амбалажа од јогурт
   

Овој интересен другар се вика ЕКО ПОФАЛУВАЛКО.
Само уште очињата да му ги залепиме за убаво да гледа и готов ќе биде.

   

Да видиме сега кој ќе биде во иднина пофален од своите другарчиња.
Чие име ќе го пронајдеме во нашата кутија-ЕКО ПОФАЛУВАЛКО .

   

Бидејќи првачињата се малечки за да пишуваат кој и за која еко активност би сакале да го пофалат,
 се договоривме да замолат некои од повозрасните ученици кои секогаш ни помагаат несебично, 
да запишат но да ја чуваат нашата тајна.
Потоа секој петок на големиот одмор сите заедно ќе го отвориме нашето сандаче
 и ќе прочитаме кој е за пофалби да знаат сите.
Подоцна, можеби ќе се договориме и некои дипломи да направиме.
 Можеби ќе одбереме нај еко ученик со помош на овој наш пофалувалко.

   

Кога се запрашавме што следно би сакале да направиме, стигнавме до идеја дека убаво би било
 да направиме ние и еден ЕКО ПОТКАЖУВАЛКО.
Дури тогаш убаво ќе се знае кој кршел гранки во дворот, кој фрлал кесички од смоки на подот.
Но како ќе го казниме? 
Се мислевме многу на ова прашање. 
Некој предложи да го пратиме кај директорката оној чие име и дело ќе се најдат во сандучето. 
Друг предложи ние да го искараме. Предложивме и да му дадеме скришна опомена како писмо од нас
 па сам да си прочита и никој друг да не знае.
Сепак одлучивме овој наш ЕКО ПОТКАЖУВАЛКО да го оставиме за потаму. Да размислиме поубаво треба.
Па и не е убаво да се поткажуваме нели? Сепак ова можеби и не ни беше добра идеја..
Важно ние си позборувавме за неа и сами дојдовме до заклучок. 
Сега, најпрвин сите деца во училиштето ќе ги запознаеме со нашиот ЕКО ПОФАЛУВАЛКО,
 да се договориме каде да стои и како и што треба да се става во него.



Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци