Ние децата чувари на природата - Рециклираме-Еко елки за Новата Година
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Еко елки за Новата година
Интеграција на два наставни часа
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Обработка на приказна  " СКАЗНА ЗА ЕЛКАТА " од Ханс Кристијан Андерсен
Решавање проблемски ситуации
ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Креативно изразување. Обликување со нестандарден ликовен материјал

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ
Игра-Јас сум елка
 (Драмска техника-Наративна пантомима)
Сите стојат мирно во круг.Кога наставникот ќе почне да прави звуци  Фијјуу,тогаш "елките" треба да го имитираат звукот но и да се занишкуваат лево-десно.
Потоа наставникот ги остава во долго очекување и сите треба само да стојат мирно и да не се помрднуваат. оној кој се мрдне кога не дува ветер тој ја напушта играта.
Наставникот имитира птица која застанува на нивните гранки и оди од дете до дете а децата мора да стојат мирни и не смеат ни да се насмеат затоа што се дрвја.
Оној кој ќе се насмее ја напушта играта.
Потоа наставникот имитира снегулки кои паѓаат и тежат на гранките(на рацете на децата) Детето кое ќе се мрдне или насмее ја напушта играта.

Учечко-поучувачка активност
Наставникот ја раскажува приказната " СКАЗНА ЗА ЕЛКАТА " од Ханс Кристијан Андерсен


   
Анализа на приказната
-За кого се зборува. Кој е главен лик.
-Каде се случува, на кое место.Ајде да го опишеме местото.
-Што ви се допадна во приказната.
-Што не ви се допадна, што ве растажи.
Ајде да ја опишеме елката
СТРАТЕГИЈА ПРОЗОРЕЦ
(работа во парови)
Едниот ученик ја црта елката кога била во шумата.
Другиот ученик ја црта кога била сува и фрлена на подот.
Проблемска ситуација
Замислете ние еве од денес да треба да заминеме да живееме на местото на некоја елка но притоа да не смееме ништо да понесеме со себе и да мора само така да стоиме како што стојат сите елки на едно место.
 Како ќе ни биде во шумата? Што нам на луѓето ни треба за живот?
Децата размислуваа и еве дел од нивните одговори " Ни треба куќа, облека, храна, кревет, треба да играме, телевизор да имаме за да гледаме телевизија...."
Потоа се запрашувавме-А што ако немаме куќа?

Што заклучивме и научивме од таа приказна?
Шумата е дом на елките. 
Ако елката ја пресечеме и однесеме во нашиот дом таа нема да преживее. Неа и треба земја,  сонце ,воздух, дожд, снег....
Куќата е наш дом, а шумата е дом на елките.

За крај малку творење
Ајде да замислиме дека можеме да и помогнеме на елката од приказната да не и се случи ова што и се случи.
Во кој дел од приказната може да се помогне.(На почетокот да не дозволиме сечење...)
Ајде да се обидеме да смислиме како ќе и помогнеме на елката откако помина Новата година иако веќе се наоѓа во домот на децата:
"Можеме повторно да ја посадиме и да и ставаме вода."
"Можеме во дворот да ја посадиме."
ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
ВОВЕДНА АКТИВНОСТ
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМСКА СИТУАЦИЈА
ЗАМИСЛЕТЕ  ОВАА ГОДИНА ДА ИСЧЕЗНАЛЕ НЕКАКО СИТЕ ПЛАСТИЧНИ ЕЛКИ ПА ДУРИ И ОНИЕ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ.
НОВАТА ГОДИНА НАБЛИЖУВА А НИЕ НЕМАМЕ ЕЛКА. 
ШУМАТА Е БЛИСКУ,ДАЛИ МОЖЕБИ ЌЕ ГО ПРАТИМЕ ТАТО ДА НИ ДОНЕСЕ ЕЛКА ОД ТАМУ ИЛИ ЌЕ СЕ СЕТИМЕ НЕШТО ДРУГО.

"Ако тато или дедо ни кажат дека ќе ни додесат елка од планината за да се радуваме на неа, ние ќе ќажеме дека тоа е лошо
 бидејќи не сакаме да и се случи она што и се случи на елката од приказната"

"Можеме да ги ставиме украсите на некое цвеќе дома што го имаме во саксија и него да го украсиме"

"Можеме од хартија да си направиме како оние елки што ги правевме минатиот пат"
   


Потоа можеме украси да си направиме од кутивчиња стари и ќе имаме убави украси за елката
 како што направивме за нашата училишна елка.
   



А сега да си направиме еко елки од стари пластични шишиња.
Потребен материјал
Зелени пластични шишиња, зелена хартија А4, лепило,стиропор, жица за обликување.



  

   

   

Припрема на еко катче


 




Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци