Ние децата чувари на природата - Работилница -Посади цвеќе за цветна училница
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  




Работилница во соработка со рoдители
Тема
-Посади цвеќе за цветна училница-
(Активности во рамките на нашиот еко проект-Ние децата чувари на природата)
КОМПЛЕТЕН ВИДЕО ЗАПИС НА ИЗВЕДЕНИТЕ АКТИВНОСТИ


КРАТОК ПРЕСЕК НА АКТИВНОСТИТЕ
Воведна активност
Разговор со професор по биологија, Маргарита Колевска.
Ајде да научиме кои се делови на растенијата и зошто служат.

   



Игра преку интернет
Состави цвеќе со сите негови делови по ред
(Кликнете на сликата за да ве одведе до играта)





Ајде да посадиме цвеќиња за нашата училница
   


Цвеќињата сакаат вода па затоа ајде да ги залееме.
   


Сега сме готиви но треба да научиме како понатаму треба да се грижиме за нив.
За тоа да го дознаеме ќе си поиграме уште една интересна игра. Во неа секој од нас ќе има задача да и помогне на Лили
да порастат нејзините цвеќиња бидејќи таа ги посадила но сега не е дома а некој мора да се грижи за нив.
(кликнете на сликата за да ве одведе до играта)


Научивме како да се грижиме за цвеќињата па сега ни останува уште да ги 
украсиме нашите саксии кои си ги направивме од празни пластични шишиња.
Со хартија во боја и ножички, магијата е едноставна)
   

Потоа ги поставивме на светлина и се договоривме дека редовно ќе ги полеваме
 со вода за да растат убави

   

На крајот на активностите секој ученик си доби работен лист во кој имаше задача
 да се обојат апликациите на кои им треба вода и сонце за да растат.
(Откриј го натрапникот)
   


Работниот лист можете да го симнете на следниов линк




Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци