Ние децата чувари на природата - Работилница-И какаото е дрво?
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Истражувачка активност и креативна работилница во соработка со родители
ТЕМА
И какаото е овошен плод кој расте на дрво 
ВИДЕО ЗАПИС НА АКТИВНОСТИТЕ
 
ЦЕЛИ:
-Учениците да научат повеќе за какаото но и да стекнат навика за прашување и барање информации 
за недоволно познати работи со кои секојдневно се среќаваат.
-Доживување на интернетот и компјутерот како средство за добивање информации и учење.
-Остварување на соработка со родителите при нивно активно вклучување во конкретна активност.
-Унапредување и поттикнување на креативноста и чувството за естетика кај учениците.
Порака
Дрвјата се дарежливи.Тие ни даваат прекрасни плодови.
Да ги чуваме дрвјата како наш најдобар пријател!
  
 
  Активноста ја започнавме со пиење какао,
 
омилениот топол напиток  и на децата и на возрасните.
 
 
 Еве што најпрвин си разговаравме
 "Какаото е кафеаво по боја, мириса на нешто слатко, на чоколадо...По вкус е благо а кога го гледаме ни личи на кафе"
 -Од каде ни доаѓа?(Го купуваме во продавница)
 -А како стигнало таму?Каде се прави?(Се прави во фабрика)
 -Од што се прави?.......(Не знаеме...)Тоа треба сите заедно да дознаеме.
 
 
За да разбереме што е всушност какаото и од што се прави,
 гледавме интересен краток анимиран филм што го пронајдовме со пребарување на интернет.
  
 
Бидејки истиот беше на англсики јазик, ја замоливме наставничката Кате да 
ни помогне да ја разбереме приказната на желката.
  Еве можете да го погледнете и вие.
 
Иако учениците од прво одделение се малечки за повеќе информации следниве податоци до кои дојдовме со родителите со истражување преку интернет,на дечињата им беа пренесени на едноставен начин, како приказна во која се зборува за силата која какаото им ја давало на војниците на некогашните кралеви. 
 
А еве што научивме и ние возрасните

Старите народи верувале дека какаото е храна на боговите поради неговите несекојдневни јаткасти плодови и оттогаш, па до денес се користи со исхраната и медицината.

Потекнува од топлиот Мексикански залив, па до Бразил и Шри Ланка. Kакаото вирее во топлите прашуми

 .

Неверојатни 40 проценти од светското производство на какао доаѓа од Брегот на слоновата коска што значи секое второ чоколадо во светот е направено со него. 

Какаото е всушност овошје. Се зачудивте, зар не? Тоа е едно најздравите овошја кои човекот ги консумира.

Какото содржи антиоксиданси за 2 пати повеќе од црвеното вино и 3 пати повеќе од зелениот чај.

Водачот Кортес на Шпанците кога пристигнал во Мексико веднаш напишал писмо до царот Карло дека шолја од овој необичен пијалак на војникот му дава доволно сила да може цел ден да маршира. Зрната какао дури служеле и како замена за пари за плаќање на државните даноци.

Какаото може да го наречеме и супер храна бидејќи е богато со есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси. Содржи големи количини железо затоа се препорачува да го внесуваат луѓето кои се анемични. Какаото содржи железо дури повеќе од спанаќот .

 

 

Потоа започна изработката на нашето дрво.

Се договоривме да го направиме од стиропор а потоа да го залепиме на зелен хамер.

  

Си ја поделивме работата за да ја завршиме подобро и побрзо но сите да учествуваме во нешто.

   

 

Додека еден од родителите го црташе и обликување дрвото, овие мајки пишуваа за дрвото какао. 

  

Дечињата, освен што помагаа на своите родители, добија и задача

 да ги доцртаат половините на она што е  нацртано на нивните листови

  

Откако дрвото беше обликувано го залепивме на хамер хартија па започнавме со боење.

Наместо  четки, за боење ги користевме прстите  и беше мошне забавно.

   

Дури и родителите ни се придружија во ова забавно сликање.

  

Се договоривме каде да ги истакнеме изработките и сите помагавме

 во подготвувањето на нашата изложба

  

 
  
 
 
 
Ова беше навистина забавно.
Сега ни останува уште да се сетиме
 што наредно би можеле да правиме на училиште
заедно со нашите родители)
 
 
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци