Ние децата чувари на природата - "Пингвинот Прцко-Чувар во Зоолошката градина"-Математичка интерактивна приказна
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Пингвинот Прцко-Чувар во Зоолошката градина

Учење преку наша нова, интерактивна, математичка приказна

Почеток на седмица: Седма недела. Одделение-Второ

Наставна единица

Го користи знакот = за да покаже еднаквост

Цели на учење-Да може да собира и одзема парови до 10 и до 20 бе3 премин. Да го користи знакот = за да покаже еднаквост од типот 16+4=15+5  12+2=15-1  Да разбере дека два различни бројни изрази може да бидат еднакви дури и кога во едниот израз се собира а во другиот се одзема. Да може да го образложи начинот на размислување и решавање. Да ги  разбира едноставните текстуални задачи определува кои операции се потребни за нивно решавање и со помош, ги претставува со предмети, со цртежи или со низа од броеви. Решавање проблемски ситуации

Критериуми на успех (очекувани резултати)- Можам да собирам парови броеви. Можам да одземам помал од поголем број. Можам да го користам знакот = за да покажам еднаквост. МОжам да пресметам и докажам  дека два различни бројни изрази може да бидат еднакви дури и кога во едниот израз се собира а во другиот се одзема. Можам да го образложам начинот на размислување и решавање. Можам да решавам математички проблемски ситуации. Можам да ги  разбирам едноставните текстуални задачи и да определам кои операции се потребни за нивно решавањеги претставувам со предмети, со цртежи или со низа од броеви. Можам сам да креирам свои нови задачи

Ресурси- Гињол кукла или кукла на стапче. Претходно подготвена приказна која ќе ја интерпретира наставникот за време на целиот час. Листови, молив, гравчиња , карти до 20, лента со бр. До 20. Power Point .Интерактивна табла. https://onedrive.live.com/redir?resid=434074C85067DF35%211637

Докази за постигнување- Дискусија. Прашања и одговори. Наблудување. Видео снимка

КЛУЧНА ТЕРМИНОЛОГИЈА- еднакво, знак, исто толку.

ТЕК НА АКТИВНОСТА

Децата се поделени во групи (онака како што обично седат, по четири )

Наставникот интерпретира во улога на аниматор :

“Здраво другарчиња, денес тука со нас е пингвинот Прцко. Ајде заедно да го поздравиме. Тој живее во Зоолошката градина. Колку години живее таму? И тој точно не знаел и сега се срами. Еве тој ми шепна дека таму живеел 11 години во жолта куќа и 3 години во црвена украсена со сино. Колку вкупно години живее во зоолошката? (ДЕцата пресметуваат на лист или со помош на гравчиња или листа со броеви, според избор и потреба лична, кажуваат одговор со покажување на карта. Наставникот запишува на табла точен одговор заедно со децата )

Ајде да го прашаме Прцко дали сме во право? Тој ни се извинува што не мачел да пресметуваме, вели дека не е баш сигурен дали ни дал точни податоци. Еве сега се сетил дека всушност тој прво живеел 10 години во жолта а потоа следните четири години во сина. КОлку би можеле да се тоа години поминати во зоолошката?

11+3=14    10+4=14

ЗАклучок –живее 14 години во Зоолошката

ЗАклучок  11+3 = 10+4

ГЛАВЕН ДЕЛ

Знаете што уште ми кажа Прцко?

Тој денес добил интересна работа. Треба да биде чувар на рибите во зоолошката и никако не смее да ги јаде иако тој многу сака да јаде риби. Но тој смеел да чува само точно одреден број на риби распореди во три аквариуми- Најголем, помал, најмал.Еве како пишувало во писмото од управникот- Дeцата гледаат на интерактивна табла но пред себе секој има работен печатен лист на кој се нацртани аквариумите. Имаат на располагање обоени камчиња и oбоени грвчиња за манипулација и ленти со броеви до 20. САми избираат како ке сметаат.

 

 Но прво е важно убаво да слушаат за да можат да му помогнат на Прцко. Наставникот чита по ред.

1-Уште колку риби треба да ставиш или извадиш во најголемиот за да бидат вкупно 18. (децата бројат дека внатре веќе има 12, уште колку ќе треба?)

Разговараме ...ДЕцата пресметуваат и објаснуваат на Прцко што да први, колку риби од езерото да пренесе тука. СЕкој сам пресметува. ПОтоа разговараме фронтално и едно дете покажува на таблата

12+6=18

2-Сега во најмалиот аквариум  стави за 3 помалку од бројот на риби во најголемиот.

ДЕцата пресметуваат и објаснуваат на Прцко што да први, колку риби од езерото да пренесе тука. ЕДно дете покажува на таблата. ЗАпишуваме и со броен израз

18-3=15

3-Во средниот по големина стави 10 црвени и за пет повеќе жолти

ДЕцата пресметуваат и објаснуваат на Прцко што да први, колку риби од езерото да пренесе тука.ЕДно дете покажува на таблата.

10+5=15

ПОТОА

Откриваме во кој има најмногу риби? Доаѓаме и до заклучок дека во Најмалиот и во средниот по големина има еднаков број на риби. Барам од децата да го запишат тоа на своите листови а потоа запишувам на табла како заеднички заклучок. 18-3=10+5

СЕга секое дете изрботува знак = од пластелин и го става во капаче од тегла  (подоцна ќе ни служат за време на кативноста) Пример-

  

Сега на децата им соопштувам дека ке направиме нови групи помошници за новата задача и ги распоредувам според моите проценки за усвоеност на досегашните знаења

Потоа продолжувам со приказната-

Следниот ден управникот на зоолошката одлучил дека единиот аквариум е премал и треба да се тргне а рибите да се распоредуваат во два аквариуми.

Секое утро Прцко ќе добие упатство колку риби да фати од езерото и како да ги распореди а ние ќе му помогнеме.

Прцко добил задачи за секој ден во неделата.

Да откриеме во кој денови треба да распореди еднаков број на риби во двата аквариуми.

Секој треба да пресмета за себе и да запише како броен израз (може да си помогне со користење на лената со броеви или гравчињата ИЛИ аквариумите и езерцата) Иако работаат индивидуално се договараме дека може да се советуваат меѓусебно со членовите од групата.

-потоа во рамки на групата треба да разгледаат решенијата меѓусебно да се помагат доколку има грешки.

Огранизација на работата- КАЈ СЕКОЈА ГРУПА ИМАМ ПО ЕДЕН УЧЕНИК МЕНТОР ОД ВИШИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА ЗА ДА ЈА СЛЕДИ РАБОТАТА И ДА ИНТЕРВЕНИРА СО ДАВАЊЕ НАСОКИ ШТОМ НЕКОЈ МНОГУ ЗАОСТАНУВА. ИСТИОТ БИ МИ УКАЖАЛ МЕНЕ КАДЕ ДА ОБРНАМ ВНИМАНИЕ ПОВЕЌЕ. . СЕкој ученик ментор има на раката кукла-другарче за помош.

ПРВАТА ГРУПА и ТРЕТАТА ГРУПА на масата има-по два аквариуми, риби од камчиња, лента со броеви до 20, гравчиња во боја, капаци од тегли а на нив знакот еднаво направен со пластелин. СЕкое дете има лист со нацртани по два аквариуми и гравчиња на располагање за припомош. (Сликите понудени долу се позајмени од друга наша слична активност)

 

ВТОРАТА ГРУПА и ЧЕТВРТАТА ГРУПА на масата имаат- по две езерца од сини најлони, риби од хартија, лента со броеви до 20, гравчиња, капаци од тегли а на нив знакот еднаво направен со пластелин. СЕкое дете има лист со нацртани по два аквариуми (сликите понудени долу се позајмени од друга наша слична активност)

 

Задачи-Прва група-

ПОНЕДЕЛНИК    10+7    15+2

ВТОРНИК            17+1    10+8

(поедноставни задачи)

Втора група-

СРЕДА                15+4      16+2

ЧЕТВРТОК          14+6     17+2

Трета група-

ПЕТОК      16+3   14 +4

САБОТА    20-4    11+5

 

Четврта група-НЕДЕЛА-

НАУТРО            16+3   14 +4

НА ПЛАДНЕ      18-3    12+3

ВЕЧЕРТА          14+3    19-2

За оваа група имам спремни задачи и со премин, ако видам дека им оди лесно и брзо

НА КРАЈОТ

Успеавме да му помогнеме на Прцко. Еден голем аплауз за сите нас.

Разговараме

-Што ни беше најинтересно на овој час.

-што ни беше најтешко а што најлесно.

-Дали имаат идеи или желби за некој следен час-Што би можеле да правиме заедно со Прцко.

ДОМАШНА ЗАДАЧА

Состави свои  нови задачи за цела следна недела зошто управникот не можел да се сети како поинаку може да се распоредуваат рибите а Прцко сега со нетрпение чека зошто многу му се допаднал ваквиот начин на работа. Со овие задачи ќе го започнеме часот следниот ден а потоа ќе продолжиме со слични задачи повторно низ приказна во која Прцко ќе треба да купува храна за секој ден од неделата, за утро, пладне и вечер.

 

Преку нашата група на Facebook им праќам линк до презентацијата со аквариумите и така имаат можност да вежбаат со своите родители слични задачи

 

 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци