Ние децата чувари на природата - "МОРСКИ И ДВОРСКИ КАМЧИЊА"
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



"МОРСКИ И ДВОРСКИ КАМЧИЊА"


ПРОДУКТ-Риби од камчиња. Интегрирана истражувачка и креативна активност во соработка ученици ментори од четврто и петто одделение.

Соработник- Наставник Кате Кутлешовска Тасевска. Учебна 2014/2015

Ова е интерена и корисна активност и за учениците и за самиот наставник. Освен целите кои се долу наведени и објаснети, учениците за време на оваа активност изработуваат свој дидатички материјал кој понатаму ќе послужи како дидактичко средство за време на часовите по Математика. Со помош на овие риби ќе можеме да броиме, да собираме и одземаме, да споредуваме бројни вредности. Активноста е реализирана мај 2014 година пред влез на новите Кембриџ програми за чии потреби  сега би можела да биде соодветно прилагодена и вметната каде што има потреба.

 ПРЕТХОДНА ПОДГОТОВКА- Наставникот треба да обезбеди количина на морски мазни камчиња кои ќе послужат за споредување на карактеристиките помеѓу нив и камчињата најдени во дворот на училиштето. Потребни се и лакови за нокти во различни бои. За таа цел ние уште претходно, за време на уредувањето на ликовното катче напрваивме акција за собирање лакови во соработка со родителите и поголемите ученици кои од срце се вклучија да помогнат затоа што сите дома веќе имале повеќе лакови во живи бои кои ретко ги користат. Обезбедете УЧЕНИЦИ МЕНТОРИ од поголема возраст. Така, не само што ќе ја унапредите соработката помеѓу различни возрасни групи во училиштето туку и ќе имате свои помошници за време на активноста-боење со лакови.

   

Во интеграција со ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА- Карактеристики на неживата природа- Како знаеме дека каменот не е жив.
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК-Изразување и творење-Збогатување на речникот со придавки-Со повеќе зборови до поголем аплауз-Да го опишеме Господин Камен, оној кој живеел во море и овој од нашиот двор ( тврдо, тркалезно, оштро, рапаво-мазно, големо-мало, бело, сиво, темно, светло..)
МАТЕМАТИКА-Откриваме,  именуваме класифицираме, запишуваме, броиме- математички форми во природата.
ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ-Цели-Да ја набљудува и истражува околината и да ги забележува различните форми. Да истржува со визуелни и тактилни сетила. Да покажеме како разни форми и материјали можат да бидат користени на поинаков начин од вообичаениот.
Да се унапреди свеста и креативноста за творење со пренамена.
-Опшуваме и споредуваме камчиња од море и камчиња од дворот, сличности и разлики. Ги одбираме камчињата кои ни наликуваат на риби.

-РАЗГОВАРАМЕ И СЕ ДОГОВАРАМЕ, СЕ ОБИДУВАМЕ И ЗАКЛУЧУВАМЕ - Што да користиме денес за боење-лак или темперни бои. Кои камчиња се подобри за цртање, мазните или рапавите?

ТЕКОТ НА АКТИВНОСТИТЕ

 Разговараме-Како знаеме дека каменот не е жив?
 Собираме камчиња кои наликуваат на матемтичките форми, опишуваме. Игра-Со повеќе зборови до поголем аплауз

 

Да го опишеме Господин Камен од нашиот двор и да запишеме на две посебни таблички-

1. МИ ЛИЧИ НА...Триаголник, правоаголник, топка сплескана...покрив...

2. СЕ ШТО ЗНАМ ЗА КАМЕНОТ...тврд, јак, не мириса на ништо или ако е валкан од бензин мириса.......

  

СПОРЕДУВАМЕ два видови камчиња

Да го опишеме Господин Камен, оној кој живеел во море и овој од нашиот двор ( тврдо, тркалезно, оштро, рапаво-мазно, големо-мало, бело, сиво, темно, светло..)  

Ги одбираме камчињата кои ни наликуваат на риби по својата форма.

РАБОТА ВО ПАРОВИ

Со останатите камења правиме фигури и слики со спојување и комбинирање на камења во различни форми. Така добивме неколку цвекиња, куќички и дечиња.

  

ПРЕТПОСТАВУВАМЕ-РАЗГОВАРАМЕ И СЕ ДОГОВАРАМЕ - Што да користиме денес за боење-Лак или темперни бои?(Поврзување со претходно искуство)

-Одлучиме  да користме само лак за нокти затоа што-"Ако покасно ги ставиме во вода темперната боја ќе се размачка и ќе ја снема од каменот а и онака камчињата не се големи површини како куќичките што беа, затоа подобро со лак..."

  

ВТОРА ПРОБЛЕМСКА СИТУАЦИЈА-
Кои камчиња е поубаво и полесно  да ги користиме за цртање? Мазните од море или рапавите од нашиот двор.
Децата имаа поделени мислења, некои сметаа дека на мазните камчињат лакот нема да стои и лесно ќе се брише, други претпоставуваа дека на рапавите ќе биде тешко да се црта и лакот нема да се познава,  но сепак сите прелагаа да се обидат да направат риби и со мазни и со рапави камчиња.Така и направивме.

ПОСЕБНИ ПРЕПОРАКИ- Обезбедете најлонски прекривачи за масичките, ние користевме големи кеси за отпадоци за да ги заштитиме масичките. За време на активноста со лакови потсетувајте ги учениците да внимаваат на положбата на телото за да не се доближуваат до обоените камчиња додека бојат. Во иднина за оваа цел би обезбедила заштитна облека за дечињата, направена едноставно- Од големи најлонски кеси за отпадоци. РАЗГОВАРАЈТЕ СО ДЕЧИЊАТА ВО ВРСКА ПРАВИЛАТА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА СЛИЧНИ АКТИВНОСТИ ПОДОЦНА ВО ДОМОТ- Потрудете се да објасните дека вакви активности треба да се изведуваат во соработка со постар член од семејството, на безбедно заштитена површина, со лакови за чија употреба добиле претходно одобрување од родителите

НАШИТЕ ЗАКЛУЧОЦИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА АКТИВНОСТА-
"Полесно се црта и бои на мазни камчиња но камчињата од дворот имаат интересни форми и иако се рапави од нив може да се направат многу интересни риби."
Кога би ја повториле активноста сите деца повторни би сакале да работаат и со мазнии со рапави камчиња.

  

РАЗГОВАРАВМЕ-ПРЕДЛАГАВМЕ

ШТО би можеле ПОНАТАМУ да правиме со овие наши риби?

"Можеме  да направиме изложба....( за ова сите беа едногласни) Можеме да ги подаруваме затоа што и ова е подарок без пари...Да напрвиме аквариуми од пластични големи шишиња и да ни бидат како украс во училницата..."

 

Како што напоменав на почеток, со помош на овие камчиња можеме да реализираме различни содржини од преметот Математика. Ние веќе се обидовме и беше навистина успешно и многу забавно. Погледнете во менито на ова страна и побарајте ги активностите со наслови- РИБИ ОД КАМЧИЊА ЗА ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА и ПИНГВИНОТ ПРЦКО-ЧУВАР НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА.

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци