Ние децата чувари на природата - Просторни шаблони- секвенца на бои
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Математика-Просторни шаблони-секвенца на бои

Решавање проблемски ситуации, секвенца на бои-просторни шаблони, воочување низа, вежби за разбирање на низата како нешто што се повторува по ист редослед. Истата активност може насочено да се прошири со зголемување или намалување на низата за еден или два после секое нејзино повторно започнување.

 

ЗАБЕЛЕШКА-Активноста е реализирана 2013/2014 година во прво одделение. Слични активности, со примена на овој интересен материјал за работа, може да се изведуваат и сега за реализација на цели од новата Кембриџ програма за прво и второ одделение. Пример-Броење до 20 или 100 , редни броеви, запишување на броевите по редослед, парни и непарни, броење по 2, 5, 10..-

За оваа активност ни е потребно: Шприцеви, темпера од брашно, од 50-100 стари пластични затварачи за шишиња, картончиња со започнати модели кои треба да се повторат, следат и завршат.

Најпрвин заедно со сите ученици, под нивно менторство, јас правев една голема и долга низа од капачиња во бои на подот во училницата. Започнав од еден шаблон кој го покажав на учениците и им објаснив дека ќе треба да ми помогнат оваа низа да расте до бесконечно но секогаш да се повторува. Потоа учениците имаа задача во парови да формираат низи кои се повторуваат. Најпрвин по случаен избор да извлечат низа нацртана на лист и истата да ја продолжат со повторување. Иако работаа во пар се договоривме едниот секогаш да е во улога на ментор набљудувач а потоа да си ги менуваат улогите. Потоа се договоривме малку да истражуваме. Едното дете да започне да ја наголемува низата а другото да следи и да открива каде и за колку се случува наголемувањето.

По некое време преминавме на работа со темперните боички кои претходно сами си ги направивме за овој час. Овој пат на нив оставив да изберат дали сакаат да работаат самостојно или сакаат постојан партнер за работа. (Си го дозволив овој пристап затоа што малиот број на деца дозволува да можам да ги ставам во ситуација да проценуваат, бираат, да носат одлуки и заклучоци од своите одлуки) Иако повеќето веднаш избраа самостојно да работаат, веројатно мислејќи дека така ќе имаат повеќе активна работа со материјалот кој им е забавен,  сите уште веднаш стапуваа во интеркација со другите другарчиња до себе и повторно спонтано формираа во парови, се надополнуваа, се помагаа меѓусебно и се охрабруваа.

Откако беа готови со задачите, со исто воодушевување ја презентираа својата работа како и работата на другарчето до себе. Токму заради ова не ги сакам натпреварувањата во училницата туку сакам активности во кои работиме за сите заедно ќе бидеме најдобри на светот. Секогаш се радувам кога дечињата застануваат заштитнички еден за друг и умеат да се израдуваат на туѓиот успех кој и лично го помогнале иако немале такво задолжение. 

Понатаму имавме нов предизвик,  секој сега требаше да измисли и покаже своја нова низа а потоа останатите да погодуваат каде таа завршува, како се зголемува или намалува. Завршивме со презентација на изработките и се договоривме дека оваа интересна забава мора да ја повториме зошто не направи среќни.

 

ПРЕДЛОГ АКТИВНОСТИ ПОВРЗАНИ СО БРОЕВИТЕ ДО 20 И БРОЕВИТЕ ДО 100

Слична активност може да се реализира со цел-

Броење до 20 или 100 , редни броеви, запишување на броевите по редослед под секоја монистра во низата. Кога на ваков начин децата би направиле своја шарена табела 100 тоа би била многу интересна активност во која со задоволство активно би се вклучиле.

Со помош на шприц и обоено брашно може да се вежбаат и бројните вредности на броевите а при тоа децата би имале задача:

-Да пополнат нацртани теглички со соодветен број "бомбони"

-Да обликуваат соодветен број на јаболка или круши на нацртани, претходно подготвени од страна на наставникот, дрва за плодови.

 

 

  

  

 

 

 

 

 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци