Ние децата чувари на природата - Презентирање на проектот и планови за понатаму
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Презентирање на проектот и веб страната која се роди од него 
Уште пред да завршивме со активностите од нашиот одделенски еко проект се договоривме со дечињата пред кого ќе сакаме да се пофалиме со него. Кој сакаме да чуе и види што сме работеле и кој сакаме да го запознаеме со постоењето нашата еко веб страна. 
Бидејќи родителите беа активно вклучени во проектот како наши помошници и веќе се запознаени со нашите активности, се договоривме да покажеме што се сме направиле и научиле пред педагошката служба во нашето училиште и пред учениците од петто до осмо одделение со кои работиме во иста смена а тоа да биде во еден ден. 

Подготвивме  и флаери.
За подготовката на флаерите го ангажиравме Училишниот тим за техничка поддршка.
  


Флаерите беа поделение на учениците. Два ставивме на влезните врати на училиштето а еден ученик замоливме да залепи на влезот на самопослугата, поштата и амбулантата во селото.
   
Бидејќи сум уредник на училишниот весник се сетив дека може и преку него да поканиме посета на оваа наша веб страна на која се поставени сите еко активности.


Еве кои активности течеа за време на нашата презентација пред директорката,
наставниците и учениците во училиштето
Најпрвин ги посетивме нашата директорка, педагогот и секретарката.
Им ја покажавме нашата веб страна на која можат да ги погледнат нашите реализирани активности.Додека ја разгледува ние им појаснувавме што сме работеле бидејки немаше време да се проследат сите поставени активности.
Им поделивме флаери со адресата на нив за да можат да ја посетуваат нашата веб страна редовно. Истакнавме дека ова е само почеток и дека таа страна ќе расте и расте се повеќе.Ги поканивме и тие да ни дадат некоја еко идеја и да направиме некоја заедничка работилница.
Потоа имавме закажано средба со група ученици од петто до осмо одделение . 
Преку видео проекција им ја презентиравме веб страната и она што беше идеја и цел. Бидејки на неа им повеќе содржини и нив им поделивме брошури за да ја посетуваат страната и по завршувањето на оваа наша презентација.
Ги поканивме присутните да запишат свои идеи за наша заедничка соработка и да ги стават во сандучето ЕКО ПОФАЛУВАЛКО.
За крај сите заедно играме интересни еко игрички .
Кликнете на линкот за да стигнете до игрите




Што во иднина?
Бидејќи е зима најпрвин ќе ја искористиме шансата да си поиграме со снегот, да научиме повеќе за него, како може тој да ни послужи во секојдневниот живот.Може ли снегот да ги измие нашите валкани рачиња наместо вода.  Можеме да си направиме и новогодишни украси со рециклирање, пренамена на пластични шишиња и стаклени тегли.
Штом дојде пролетта ќе бидеме чести гости на природата во околината на нашето училиште и ќе се грижиме за неа.

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци