Ние децата чувари на природата - Планетата Земја, Сонцето, Месечината и ѕвездите
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Трите наши најголеми топки и милион светликави топчиња на небото

ТЕМА- Планетата Земја, Сонцето, Месечината и ѕвездите-2014 година, прво одделение

  
Македонски јазик-Говорни вежба за творечко поттикнување, слушање со разбирање, поставување прашања и давање соодветни одговори во рамки на актуелна тема.

Во корелација со Математика-Утвдување на претстава за поим-Топка

ЗОШТО ТОКМУ ОВАА ТЕМА ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ?

Затоа што во текот на учебната година секојдневно ќе се среќаваме со поими и акции за развој на еко свеста кај учениците а основната порака во сите тие активности е- Грижа за  Планетата Земја. Од таа причина сметам дека првачињата треба уште на самиот почеток на своето школување да се доближат до актуелните поими со забавен, интересен но и научен пристап. Иако се малечки, на оваа возраст умеат да бидат големи научници и кај нив со леснотија може да се поттикне љупопитност и желба за наука. Затоа што преку игри и активности со глобус во рака но и со помош на најсовреман технологија учениците низ игра ќе ги утврдат своите претстави за поимот топка. Истовремено, поттикнати од љубопитноста сите дечиња активно ќе се вклучуваат во разговор, слободно ќе ги искажуваат своите претпоставки, ќе прашуваат и ќе одговараат на прашања со полно внимание. Преку употреба на ИКТ, разговор за размена на информации и низ игра, учениците ќе стекнат престава за постоењето на различните извори на податоци кои ни се потребни. Преку претпоставки, навраќање на претходно искуство разгледување информации преку интерент, спредба на мислењата и проверка на истите, учениците стекнуваат основни вештини за учење преку истражување а сево ова е добра методологија за развој на дивергентно мислење. Сето она што не е наша конкретна цел а  детето ќе  го научи или барем ќе ја прими информацијата, ќе биде плус во насока на поттикнување на желба за учење и прифаќање на училиштето како забавно, интересно место за престој.

 

ПРЕГЛЕД НА РЕАЛИЗИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ

Воведна активност-РАБОТА СО ГЛОБУС
Ја опишувавме Земјата, глобусот во нашите раце. Каква е по форма? Сите дечиња ја гушкаа Земјата подавајќи си го глобусот од раце во раце за убаво да ја почувставуваат именуваната форма. Ги воочувавме различните бои на неа и разговаравме-ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ОВА ШТО Е ОБОЕНО СИНО, КАДЕ СЕ РЕКИТЕ, СО КАКВА БОЈА СЕ ПЛАНИНИТЕ А СО КАКВА ЛИВАДИТЕ(РАМИНИТЕ)...Од овој разговор дечињата самите преминаа на друг интересен за нив- Каде е Австралија? Таму живееле нивните роднини...Каде е Албанија, нашето село..Иако не умет да читаат препознава симболи на значајни градови, држави и континенти и така воодушевени го препознаа градот Париз поради сликичка од Ајфеловата кула, Австралија поради сликичка од кенгури нацртана на тоа место на глобусот, Земјата на Дедо Мраз поради снегот..Забележаа КОЛКУ МНОГУ ВОДА ИМА..

Потоа разговаравме за СОНЦЕТО. Ги прашав што мислат, каква форма е нашето Сонце. Дечињата одговорија дека веројатно и тоа е топка, им личи на топка..И веднаш започнаа со опишување, како да сакаа преку тие опишувања да си го потврдат она што го кажале. "Тоа е жолто по боја, многу свети, посилно е од оган, сум чул дека е како оган..." Ги охрабрив за нивните претпоставки и им кажав дека малку подоцна сево ова убаво ќе си го провериме со помош интернет и интересна програма на интерактивната табла која многу ќе ни каже и покаже.

МЕСЕЧИНAТА за ниту едно дечињата не беше нешто што им наликува на топка . "Мечечината е како буквата С....Како половина топка...." Се договоривме дека добро е да побараме повеќе информации и ова да го провериме.

За ѕвездите имавме различни но многу интересни мислења. "Тие се како точки, еве вакви..." "Тоцкави се вака ситни многу ситни" "Не, не се мали ѕвездите, тие се многу големи само се многу  далеку и нас така ни се чини дека се мали" "Не може да се големи. Знаете колку многу ѕвезди има на небото? Ако се толку големи немаше да ги бери на небото, мора да се малечки "

ЗА ДА НАУЧИМЕ ПОВЕЌЕ И ДА ГИ ПРОВЕРИМЕ НАШИТЕ ПРЕТПОСТАВКИ

СИТЕ ЗАЕДНО ГЛЕДАВМЕ ВИДЕО СНИМКИ, ЕМИСИИ ПОСТАВЕНИ НА YOUTUBE И ИСТРАЖУВАВМЕ СО ПОМОШ НА КОМЈУТЕРСКА ПРОГРАМА WorldWide Telesckop преку која имавме прилика сосема да им се приближиме. Се запознавме со Сончевиот систем, планетите кои кружат околу Сонцето,  ги броевме планетите во него, која по ред е нашата планета, броевме ѕвезди...

Во меѓувреме возбудени си разговараме а најинтересно беше што самите дечиња беа иницијатори на сите најголем дел од нашите теми.

"Сонцето изгледа многу страшно, леле како гори, можи и нас да не изгори..." " Не, тоа е далеку, нас само не топли...Видете дури и како црвено е од оганот..."  "Сонцето прави виножито, јас имам видено кога врни дека тоа прави виножито".

Ги прашав-А ШТО БИ БИЛО АКО НЕМАВМЕ СОНЦЕ? " Ако нема Сонце ќе е ладно, темно, само ќе спиеме, ќе се родиме и така во спиење ќе порасниме и ништо друго нема да правиме. А ДАЛИ ЌЕ ИМАМЕ ХРАНА, ЌЕ МОЖЕ ДА СИ ПОСАДИМЕ ЗЕЛЕНЧУК ИЛИ ДРВЈА? " Не наставничке, ќе бидат зелени без сонце..."

Потоа воочивме дека и МЕСЕЧИНАТА е во форма на топка. За разлика од Земјата таа не е шарена туку е сива..Има само камења и како планини, нема вода, нема сино никаде. "Наствничке таму видете луѓето скокаат, не можат да одат и носат маски зошто изгледа нема воздух да дишат" "Никој таму не живее, видете, нема куќи.."

И ѕвездите биле топки, колку многу топки..."Ако им се приближиме се големи" "Да бев Бетмен ќе летнев горе да видам се"

  

-ПОТОА СИ ИГРАВМЕ НЕКОЛКУ ИНТЕРЕСНИ ИГРИ-

Говорна вежба за творечко поттикнување-Патувам, патувам...(Замислено патување )

Дечињата, едно по едно не водеа на патување околу Земјата и раскажуваа со што избрале да патуваат, каде застанале да се одморат, во која земја ручале во ресторан и каде нашле хотел за преспивање...Потоа Ја искористивме нашата облека за "престорување" и се менувавме кој ќе биде во улога на Сонце и ќе стои на средината а кои ќе бидат планетите кои ќе кружат околу него. Истовремено пееме зедно: "ВРТИ, ВРТИ, ВРТИ, ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА"

  

Избравме КЛОПЧИЊА ВОЛНИЦА а потоа на подот и на големата маса со креда го нацртавме Сончeвиот систем и си игравме со подавање на глобусот од еден на друг така во круг со песна.

За крај сите заедно со договарање и со несебична поделба на работата ја обоивме оваа необоена слика на Земјата

  

ПРИЛОГ ПЛУС

Линк до истава содржина, реализирна пред неколку години. Истата е реализирана интегрирано,

како дневна тема заедно со другите наставни предмети во текот на денот.

Ако го погледенете видео записот ќе имате прилика да слушнете интересна приказна која може да се обработи на часот по Македонски јазик а е многу корисна и интересна за учениците.

http://sitezazemjata.ucoz.com/index/shto_znaeme_za_zem_ata/0-10

 

ВИДЕО ЗАПИСОТ Е ВО ИЗРАБОТКА

 

 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци