Ние децата чувари на природата - Одиме на Северен Пол
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  




Одиме на Северен Пол
Македонски јазик во интеграција со
запознавање на околината и ликовно образование
Три часа слеан тек и преплетено реализирање на целите
(Целите по опфатените наставни предмети поставени се во самиот видео запис)
Идејата за реализација на активности на оваа тема произлезе од интересот на учениците подобро да се запознае Земјата, различни места на неа, различни луѓе кои живеат во различни услови.За време на реализација на интегрираните активности со наслов-Што знаеме за  Земјата  http://sitezazemjata.ucoz.com/index/shto_znaeme_za_zem_ata/0-10)  учениците беа изненадени од она што го дознаа и среќни што разбрале многу нови работи за кои некогаш само слушнале на телевизијата. За време на тие активности останаа неодговорени многу прашања кои за децата се интересни па, со таа цел уште следниот ден се обидовме да одговориме на нив токму преку овие интересни активности.



ВИДЕО ЗАПИС ОД АКТИВНОСТА




Краток пресек на активностите
Воведна активност
Читање на текст


Следуваше
Раговор за содржината
Ликови
Место на случување
Поука

Со помош на Google Earth и енциколопедија ја бараме земјата на белите мечки.
(Средбата со Земјата преку Google Earth беше посебно интересна за дечињата)
"Интересно е тоа што можеш да ја вртиш и да стигнеш за миг каде ќе посакаш и се се гледа на неа.
Дури и згради се гледаат..."


   


На Северниот Пол живеат животни со бели крзна и кожуви.
Опишуваме гумени модели.Споредуваме црна и бела мечка, бела и црна лисица....

   

Тука живеат Ескимите во нивните кукички,игла, направени од снег?
   


Да погледнеме како Ескимите ги прават своите куќички
   



Потоа работевме во две групи со посебни задачи но индивидулна работа на членовите.
Прва група
Моделирање на ликовите од приказната
    

Втора група
Цртање хоризонтални,вертикални и паралелни линии со слободна рака.
Мотив-ИГЛО
   

Самооценување
После завршените активности членовите на групите покажуваат
 што направиле на другарчињата од спротивната група,
 кажуваат искрено колку се задоволни,
што им било тешко да направат и кој им помогнал.


Малку тематски поврзана забава за време на големиот одмор,
 секогаш им годи на вредните дечиња.
За таа цел дуевме балони кои ќе ни користат
 во понатамошниот тек на денешната интегрирана тема.

   


Бидејќи денешнава интеграција е сместена во рамките на нашиот проект 
-Ние децата чувари на природата-
 испишавме еко пораки на овој голем, жолт балон.
   

Потоа за крај,
 малите балончиња ги исцртавме да личат на Земјата 
и со нив ја украсивме нашата училница
   



Што знаеме сега
Малите љубопитни дечиња научија повеќе за Земјата. Прашањата кои спонтано се наметнаа претходниот ден сега беа одговорени. Сега дечињата знаат кои се Ескимите, каде и во што живеат, како ги прават своите домови од снег. Животни има секаде на Земјата но тие се  разликуваат како и луѓето .Некои животни пак,не можат да живеат каде што е ладно туку онаму каде е топло и каде нема снег. Други пак имаат бели крзна како снегот и живеат само каде што има снег. 
Земјата е дом на различни луѓе кои живеат на различни места на неа. 
Земјата е дом на различни животни кои живеат и преживуваат на различни места на Земјата.
Земјата е убава, најубава и полна со интересни места на неа. 
Ќе ја чуваме Земјата не затоа што некој ќе не кара ако не ја чуваме туку затоа што таа е нашиот и ваш дом.



Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци