"НИЕ ДЕЦАТА ЧУВАРИ НА ПРИРОДАТА А ДРВОТО НАШ ПРИЈАТЕЛ"
ВИДЕО ЗАПИС НА КОМПЛЕТ АКТИВНОСТИТЕ ОД ОВОЈ ДЕН
ОПШТИ ЦЕЛИ НА НАШАТА ПРОЕКТНАТА АКТИВНОСТ
(што сакаше наставникот со ова да постигне)
-ВОВЕДУВАЊЕ НА МАЛИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ПЛАНИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИ , НИВНО ОСМИСЛУВАЊЕ И УПОРНОСТ И ИСТРАЈНОСТ ПРИ НИВНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА.
-РАЗВИВАЊЕ ЕКО СВЕСТ И ДАВАЊЕ ЛИЧЕН ПРИМЕР НА ГРУПАТА ЗА ПОЗИТИВЕН ГРИЖЛИВ ОДНОС КОН ПРИРОДАТА.
-ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЉУБОПИТНОСТА И ЖЕЛБАТА ЗА ДОАЃАЊЕ ДО ОДГОВОРИ НА ИНТЕРЕСНИ НО НЕПОЗНАТИ ТЕМИ.
-ЗБОГАТУВАЊЕ НА ДЕТСКИОТ РЕЧНИК СО НОВИ ПОИМИ(претстава за нив)
-ДОЖИВУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТОТ, ЕНЦИКЛОПЕДИИТЕ И ПОВОЗРАСНИТЕ ОД ОКОЛИНАТА КАКО ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ.
-УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПРИ ТИМСКА РАБОТА СО СТРЕМЕЖ ЗА ТИМСКИ УСПЕХ.
-ВЛОЖУВАЊЕ НА ЛИЧНАТА ИНДИВИДУАЛНОСТ ВО КРЕИРАЊЕ И РАБОТА НА ЦЕЛИ ОД ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС НА ГРУПАТА ВО КОЈА ПРИПАЃА.
-СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ И НИВНО АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ ВО НАШИ АКТИВНОСТИ.
-ПОТТИКНУВАЊЕ НА ДЕТСКАТА КРЕАТИВНОСТ И ФАНТАЗИЈА ЗА ТВОРЕЊЕ.
ОСНОВНА МОТИВАЦИЈА
ЌЕ БИДЕМЕ ПРИМЕР НА ПОГОЛЕМИТЕ УЧЕНИЦИ ОД НАШЕТО УЧИЛИШТЕ И ЌЕ ИМ ПОКАЖЕМЕ КАКО СЕ ЧУВА ПРИРОДАТА.
Целите по опфатените наставни предмети детално се поставени во самите видео записи од интеграциите .
ПРВ ДЕН
ВОВЕД ВО НАШИОТ ОДДЕЛЕНСКИ ПРОЕКТ
Интеграција на три наставни предмети со цел, воведување во проектни активности.
ШТО Е ТОА ПРОЕКТ
Македонски јазик-Говорна вежба за развој на флуентно мислење и збогатување на речникот на децата со нови зборови.
Цели:Слободно вклучување во разговор на дадена тема.Откривање нови зборови. Логичко поврзување на настани. Раскажување по сеќавање.
Математика-Запазување и одредување редослед на настани со употреба на соодветна терминологија(најпрвин, потоа, на крајот)
Цели-Запазување и одредување редослед на настани со употреба на соодветна терминологија(најпрвин, потоа, на крајот), Согледување на потребата од логичко осмислување на тек на настани кои ги планираме.
Ликовно образование-Цртање редослед на настани. Мотив-една моја посета на Битола.
Цел:Воведување во илустрација на дадена содржина.
КРАТОК ПРЕСЕК НА АКТИВНОСТИТЕ ОД ОВОЈ ДЕН
Активност во интеграција со математика
Редослед на настани со употреба на термини-најпрвин, потоа, на крајот
Поврзување на поимот ПРОЕКТ со поимот ПЛАН .
За да направиш проект треба да знаеш како по ред да ги организираш своите активности.Редоследот однапред се утврдува и се планира се што ќе биде дел на тој проект за да се постигнат поставените цели во него. За да разбереме што се е потребно да се осмисли за да се стигне до една цел, најпрвин направивме план на едно наше патување до Битола и една наша посета на другарче кои живее малку подалеку од нас. Што треба најпрвин да направиме? Да ја прашаме мама дали смееме на гости тој ден или да го прашаме најпрвин другарчето дали тој ден ќе не прими. ...Да прашаме во колку часот или тоа воопшто нема потреба да прашуваме...
ЦРТАЊЕ РЕДОСЛЕД НА НАСТАНИ НА ДАДЕНА ТЕМА
Потоа пред учениците беше претставен проектот што ќе треба да се дооформи и реализира со нивна помош како главни учесници.
-НИЕ ДЕЦАТА ЧУВАРИ НА ПРИРОДАТА А ДРВОТО НАШ ПРИЈАТЕЛ-
Најпрвин со вербална примена на техниката -ЗНАМ-САКАМ ДА ЗНАМ, децата беа поттикнати да искажат што знаат околу грижата за природата, дрвјата во околината, садењето цвеќиња...Од разговорот стигнавме до заклучоци дека сакаме да научиме повеќе за дрвјата и користа од нив, како да се грижиме за нив, како се садат цвеќиња и како правилно треба да се грижиме за нив, како да покажеме добар пример за грижа кон околината на другите деца...
Важно беше да ги откриеме и објасниме помалку познатите зборови.
Што е тоа ПРИРОДА...
Бидејки сме малечки ние тоа ќе го нацртаме.
Потоа се договоривме:
-Kој каква улога ќе има и кои ќе бидат негови задачи.
-Зошто ни требаат помошници и кои ќе бидат наши помошници(родителите можат да ни помогнат да обезбедиме цвеќиња за садење и да ни покажат како тоа се прави)
-Што се ќе ни биде потребно(средства)
-Како и кога ќе разговараме за проблеми на кои тековно ќе наидуваме. Кога ќе правиме осврти што до моментот сме направиле и колку било успешно(Ова се согласивме да биде за време на утринските средби и за време на големите одмори)
-Каде ќе го презентираме проектот и пред кого(Се согласивме дека убаво е активностите да се снимаат па да се стават на интернет каде че може секој да ги види а кога точно ќе го покажеме нашиот труд пред нашето училиште решивме да се договориме подоцна, откако ќе започнеме.)
-Уште истиот ден ги запознавме нашите родители и презентиравме пред нив што се ќе сакаме да научиме со овој проект за потоа и другите деца да го следат начиот позитивен пример за грижа кон околината.
Еве како ги запознавме родителите со нашиот проект и нашите планирани активности
за да можат како наши помошници да ни помогнат во делот каде испланиравме помош и соработка со нив.
За да ги погледнете следните активности од овој наш малечок, но за нас значаен проект,
само продолжете со вашата прошетка низ страниците на овој сајт)