Ние децата чувари на природата - Обоени камчиња за весели математички и јазични игри
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Играта ПЕТКАМЦИ преку Skype 
Обоени камчиња за весели математички и јазични игри
 
ВИДЕО ЗАПИС ОД АКТИВОСТА
 
 
Припрема на камчињата
Бидејќи овие камчиња ќе бидат подароци и изненадување за дечињата на крајот на учебната година учениците не учествуваат во обојувањето.
Материјал-
Мрсни бои, шприцеви за секоја боја, теглички и најлончиња. 
 
Доколку оваа активност на обојување се врши заедно со децата, обојувањето може да го прават децата но со примена на лак за нокти наместо мрсна боја. Лакот за нокти е траен и камчињата и за време на игра ќе останат трајно обоени за разлика од темперните боички кои би се сронале.
Во овој конкретен случај, шприцот е потребен за да се земе количина на боја на безбеден начин. Камчињата може да се стават во пластична кеса и во неа да се стави бојата со шприцот. потоа треба да се промеша со мешање од надвор, едноставно протривање на камчињата преку најлонот и истите да се стават на подлога за сушење.
Слично може да се искористат и посебни теглички за секоја боја, наместо кесичките. Се обидовме и на двата начини и подеднакво е практично.
За разлика од минатите учебни години кога играта и учењето преу неа го изведував со сопствен план за активности , оваа генерација дечиња имаа прилика играта и правилата за игра да ги слушнат од мојата колешка од Скопје Марина Василева која подолго време работи на проект за примена на бабините игри во наставна пракса. Активноста се одвиваше преку Skype.
 
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци