Ние децата чувари на природата - Ние во светот на КАМЕНКОВЦИ
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



НИЕ ВО СВЕТОТ НА КАМЕНКОВЦИ

  
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Драмски творечки активности со примена на техника-Насочена фантазија. Со цел- Развој на фантазијата преку создавање нови идеи и оригинални решенија.
-ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА
Унапредување на навики за грижа за околината за време на престој во неа.

ОПИС НА АКТИВНОСТИТЕ
-Ревија на готови костими изработени дома. Подготовка на костими за другарчињата кои не се подготвиле. (Децата имаа избор да се облечат дома или тоа да го направиме тука заедно.)


-Разговор во врска со задачата што ја добија учениците да истражуваат дома-Што уште дознавме преку интернет за лугето и навиките во каменото време. Некои од учениците презентираа фотографии и линкови кои ги откриле преку интернет. Посебно внимание посветивме на облека, прибор за храна, алати за работа, алати за лов, накит, пишување-букви,  градби-живеалишта.

  

Учениците во соработка со родителите обезбедиле садови и орудија кои најблиску одговараат на тоа време. Ги разгледувавме и разговаравме за нивната намена.

 
-По пример на фотографии од интернет на кои се прикажани натписи во камен, децата пишуваа букви на платно и претпоставувавме што би можеле да значат.

 

 
-ИЗВЕДУВАЊЕ НА ДРАМСКИ ИГРИ во парови и групи.

Место на реализација- Училница, училичен двор и блиска шума.

Момчињата играа улоги на ловци, рибиловци, мајстори кои прават колиба од кал и трски, прават садови за готвење и јадење... а девојчињата играа улоги на домакинки кои готват растенија и плодови собрани од природата и се грижат за децата.


-ИЗРАБОТКА НА СЦЕНА-ОГНИШТЕ

 1-Собирање природен материјал без да се оштетува природата
2-Неколку од постарите ученици ни презентираа како луѓето во минатото се собирале околу огнот , готвеле храна за сите, се договарале да одат на лов.

За цело време децата спонтано креираа дијалози и играа игри на улоги кои сами меѓусебно си ги распоредуваа.

Разговараме на тема
ШТО БИ БИЛО КОГА БИ БИЛО? Што би ни недостигало кога ние би живееле во тоа време. Што би ни се допаѓало многу. Што би ни недостигало.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НАШАТА СЛЕДНА АКТИВНОСТ-КОГА НАШИТЕ БУКВИ БИ БИЛЕ ХИЕРОГЛИФИ

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци