Ние децата чувари на природата - Нашите камени куќички-Каменковци Проект
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



НАШИТЕ КАМЕНИ КУЌИЧКИ-Подарок за без пари

 

ПРОДУКТ-Изработка на наши дидактички средства за понатамошна употреба за време на часови по Математика, Запознавање на околината и Македонски јазик. ПОСЕБНА ПРЕПОРАКА- Обезбедете најлонски прекривачи за масичките, ние користевме големи кеси за отпадоци за да ги заштитиме масичките.

ЗАБЕЛЕШКА- Активноста е реализирана мај 2014 година по старите програми. Со воведување на новата Кембриџ програма оваа активност од оваа 2014/2015 година може да биде прилагодена и реализирана во второ полугодие, за второ одделение, тема- Карпи

ВОСПИТНА ВРЕДНОСТ-Унапредување на тимска работа и соработка. Искажување на свои ставови и мислења но со почитување на туѓото мислење.

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ- Ликовни истражувачки активности-Со цел ученикот да открие дека  материјалите  може да се се прилагоадат и пренаменат за други цели.
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК- ОЖВ "Подарoк за без пари"
-Наставникот со помош на гињол кукла интерпретира монолог на тема-Пинокио е тажен, нема пари да купи роденденски подарок за неговата другарка Црвенкапа. Бара помош од дечињата да му помогнат што да прави. -Децата решаваат проблемска ситуација- Како Пинокио да обезбеди подарок без пари , што би можел да прави...Предлагаат: Да позајми пари од татко му...(Ама ако нема и татко му?) -Да работи и да заработи, да собере цвекиња и да ги продава( Ама не смее да продава туќи цвекиња а и тој е дете не смее да продава) -Да нацрта честитка ( Ова е прекрасна идеја)
-Наставникот раскажува еден свој пример кога од стари теглички направил вазна за 8 ми Март..Потоа децата
раскажуваат по аналогија свои примери.

 

Ја отвараме идејата за изработка на куќики од камен.

1.Разговараме- Дали е возможно да се напрват украси во форма на куќички од камен? Учениците имаа поделени мислења.  Еден од учениците беше категоричен дека каменот е тврд за да може да се обликува. Некои веднаш се согласија дека идејата е прекрасна и дека има такви форми на камчиња во природата и воопшто нема да треба да се обликуваат туку само да се нацрта на нив. Потоа се договоривме да одиме и да побараме.
2.Следуваше избор на материјал од блиската околина( Собирање камчиња  чија форма не потсетува  на куќа..) 


ИСТРАЖУВАЧКИ АКТИВНОСТ-

ПРОБЛЕМСКА СИТУАЦИЈА- Со што сега би можеле да ги обоиме камчињата и да цртаме на нив? Децата предлагаа водени бои или темпери..Но некако не беа задоволни, знаеја дека водените боички едвај би оставале трага и сепак сите повеке би сакале да се обидат со темперни бои.
Ги прашав -Што мислат за лакот за нокти? Децата се воодушевија од идејата и скоро сите се согласија дека тоа може да успее ако се обидат но некои тврдеа дека сепак поубава боја ке остави тепмерата. АЈДЕ ДА ПРОВЕРИМЕ...

 

Децата имаа слобода да се обидат и на двата начини. Иако лакот за нокти им беше привлечен, интересен за работа, бидејќи досега немале користено лак за ваква намена, сепак забележаа дека со темперните боички е полесно.

Дечињата сами заклучија дека во иднина-Големите површини подобро е да ги бојат со темпера бидејки и таа остава многу убава боја врз каменот, а помалите камчиња ќе ги бојат со лак бидејки тој е траен, нема да се избрише ако капне вода на украсот-тоа беше нивната одлука.

    
ЗАВРШИВМЕ СО РАЗГОВОР, ИЗЛОЖБА И ЗАКЛУЧОЦИ

Нашите подароци за без пари, беа готови. Што би сакале да правиме понатаму со нив?

Е тоа беше многу интересно прашање.

"Наставничке да си ги чуваме за украс тука сите....Или да раскажуваме приказни со нив утре.....Друг пат да направиме повеќе вакви куќички и тие ќе им ги подариме на некој ако треба, денес на никој не му е роденден, ние се договоривме само да пробаме да направиме..."

И навистина ние денес немавме повод за подарување :-) Па така куќичките останаа за нас. Задоволна бев што никој не посака да си ги земе своите куќички дома туку сите сакаа да останат тука и да ги користиме заедно. Токму затоа и не ми сметаше тоа што покажавме малку себичност па се радувавме што никој нема денес роденден за да треба да ги подариме :-) Сепак оваа наша себичност траеше само малку бидејќи уште следниот ден сите ме пречекаа со идеја како да направиме нови куќички и да ги подаруваме на мелечките дечиња во селото кај продавницата.

 

Понатаму овие куќички ги искористивме како дидактичко средство за време на две активности

Направи свое не лути се човече.

 По градските улици.

 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци