Ние децата чувари на природата - Нашиот проект станува се поголем.Нови идеи, нови теми
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Нашиот одделенски проект станува се поголем
Нови идеи, нови теми
 
Ги реализиравме активностите предвидени во нашиот малечок одделенски проект:
-Ние децата чувари на околината а дрвото наш пријател-
 
 
За таа цел беа опфатени скоро сите наставни предмети во некоја интересна интеграција каква што дозволуваа наставните содржини.Децата научија дека ДРВОТО Е НАШ ПРИЈАТЕЛ кој треба да се чува. Дрвото е дом на многу живи суштества кои без него не би имале каде да живеат. Некои од дрвајата ни даваат вкусни плодови за да растеме здрави..Дури и какаото кое сите толку го сакаме расте на дрво.Лисјата на растенијата ни го чистат воздухот. Училницата е поубава со цвеќиња но и дворот е поубав кога би имало цвеќиња во него.Затоа се договоривме штом дојде пролетта убаво да го уредиме со помош на поголемите ученици и да засадиме цвеќиња и дрвца во него.Ќе обележиме за минувачите каде е дозволено да се поминува а каде има посадено трева која треба да ја оставиме да расте.Дури и ќе си направиме еко патроли од по неколку ученици за секојој ден посебно и тие ќе внимаваат се да биде како што треба. Научивме дека растенијата сакаат вода, сонце и светлина и не е добро само да ги посадиме и да ги оставиме да ни овенат..
Што се однесува до општите цели кои јас како наставник ги сметав за важни постигнати се во целост.
-ВОВЕДУВАЊЕ НА МАЛИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ПЛАНИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИ , НИВНО ОСМИСЛУВАЊЕ И УПОРНОСТ И ИСТРАЈНОСТ ПРИ НИВНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА.
-РАЗВИВАЊЕ  ЕКО СВЕСТ И ДАВАЊЕ ЛИЧЕН ПРИМЕР НА ГРУПАТА ЗА ПОЗИТИВЕН ГРИЖЛИВ ОДНОС КОН ПРИРОДАТА.
-ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЉУБОПИТНОСТА И ЖЕЛБАТА ЗА ДОАЃАЊЕ ДО ОДГОВОРИ НА ИНТЕРЕСНИ НО НЕПОЗНАТИ ТЕМИ.
-ЗБОГАТУВАЊЕ НА ДЕТСКИОТ РЕЧНИК СО НОВИ ПОИМИ(претстава за нив)
-ДОЖИВУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТОТ,  ЕНЦИКЛОПЕДИИТЕ И ПОВОЗРАСНИТЕ ОД ОКОЛИНАТА КАКО ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ.
-УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПРИ ТИМСКА РАБОТА СО СТРЕМЕЖ ЗА ТИМСКИ УСПЕХ.
-ВЛОЖУВАЊЕ НА ЛИЧНАТА ИНДИВИДУАЛНОСТ ВО КРЕИРАЊЕ И РАБОТА НА ЦЕЛИ ОД ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС НА ГРУПАТА ВО КОЈА ПРИПАЃА.
-СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ И НИВНО АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ ВО НАШИ АКТИВНОСТИ.
-ПОТТИКНУВАЊЕ НА ДЕТСКАТА КРЕАТИВНОСТ И ФАНТАЗИЈА ЗА ТВОРЕЊЕ.
 
Сега време е да тргнеме кон нешто често слушано на телевизијата но недоволно познато за малечките ученици.
Ајде да ја запознаеме Земјата.
 
Па нели и сето ова води кон грижа за неа. Навистина сме можеби малечки за оваа геграфија но како ќе го сакаме и чуваме некој кој не го знаеме? Ајде да ја запознаеме Земјата како дом на сите нас. Да ја запознаеме најпрвин и да видиме колку убавини грие во себе.Колку различни луѓе на различни места. Различни животни, различни дрва и цвеќиња во различните делови од Земјата. Потоа ќе биде лесно. Сите за Земјата на свој начин ќе придонесуваме и сите заедно ќе ја чуваме. Уште од сега, уште од малечки.
 
  Ќе се обидам да ја погледнам Земјата со детските очи и да ги запознам со неа .
Тоа е мојата следна цел)
Ајде да видиме како тоа ќе биде прифатено од нив,најмалечките.

 
                                                                                                             
       
 
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци