Ние децата чувари на природата - Нашата цветна авантура-Интегрирани активности
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Нашата цветна авантура

Интегрирани истражувачки, творечки и математички активности за утврдување и проверка на стекнати знаења. Унапредување на вештини за тимска работа, соработка, взаемно помагање, истрајност и упорност

  

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА

-Истражувачка активност во две групи- Анализа на примерок
( Ограничена тревна површина) Што се ќе најдеме во тој простор; живо, неживо...

ЦЕЛИ-Да знае дека постојат живи суштества и нешта кои не се живее . Да умее да ги идентификува и споредува. Собира , прикажува и објаснува собрани докази. Да знае што им е потребно на живите организими за живот. Унапредување на вештини за- истражување, користење на лупа за воочување детали, тимска работа и соработка,  следење на упатства, предлагање нови идеи за понатамошни истражувања. Унапредување на еко свест и грижлив однос кон живиот свет. 

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (одбележување на Денот на Цвеќето)

-Диригирани драмски игри- Раговор во прво лице-"Јас, цвеќенцето ги молам дечињата..." " Јас, цвеќенцето најмногу сакам: земја, соце, вода и да не ме газите.."

-Диригирана драмска игра-Рипчето кое сонувало чиста река

ЦЕЛИ- Развој на фантазијата и вештината за слободно изразување преку говорно творештво и слободни драмски интерпретации

МАТЕМАТИКА (одбележување на Денот на Цвеќето)

Препознавање и именување извлечен број- Додавање и одземање 1. Зголемување за 1 и намалување за 1 (САДИМЕ ЦВЕТОВИ СООДВЕТНО НА ДОБИЕНИОТ РЕЗУЛТАТ) -Подредување броеви (цветови) во низа од 1 кон 10 со додавање 1 и од 10 кон 1 со одземање .

АНГЛИСКИ ЈАЗИК- Наставник Кате Кутлешовска Тасевска- Утврдување на поими за бои и броеви до 10

   

ПРЕТХОДНИ ПОВРЗАНИ АКТИВНОСТИ

ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА за изработка на цветни апликации и цветни оригами, во соработка со група ученици од второ до петто одделение и наставничката Кате Кутлешовска Тасевска. Мотив- МАКЕДОНИЈА, ЗЕМЈА НА ЦВЕЌИЊАТА

  

ТЕК НА АКТИВНОСТА

-Истражувачка активност во две групи-

Анализа на примерок на ограничена тревна површина

ПОДГОТОВКА- 1.Информирање на учениците за целите и очекувањата од ова истражување 2.Поделба во две групи 3.Одредување на судии-ученици ментори од вишите одделенија кои би го следеле процесот. Учениците знаеја дека ова е натпревар но не натпревар во кој би победила групата која ќе најде повеќе примероци туку натпревар во кој членовите треба да покажат соработка, разговор, договарање, заедничка анализа, активна вклученост на сите со поделба или ротација на задолженијата- Токму тоа го оценуваа нашите судии.

Учениците беа оставени сами да се договорат и да ја избрат локацијата за истражувањето. И двете групи избраа да истражуваат на иста ливада, едни до други. Посакав уште веднаш едната група да ја насочам да избере друга локација поради разноликоста на примероците кои би ги откриле но сепак не реагирав и оставив да видам што ќе се случува. 

  

 И така, набљудувавме, разговараме, одбиравме примери и цртавме се ќе најдеме во тој простор; живо, неживо...

По завршување на времето за истражување двете групи презентираа една пред друга што нашле во својот простор, кои претставници од живата а кои од неживата природа. Извлекуваа заклучоци-Споредуваа резултати на двете групи и бидејќи одбраа да истражуваат површини кои се во близина,  имаа слични откритија. Разликата беше во тоа што нашите судии убаво забележаа во која група имаше поголема соработка а каде работеа само двајца кои едвај даваа простор на другите. Потоа се запрашавме- ШТО БИ МОЖЕЛЕ СЛЕДНО ДА ИСТРАЖУВАМЕ поврзано со оваа тема? Еден од учениците предложи следниот пат една од групите да истражува на песоклива површина во дворот бидејки така би имало поголема разлика во примероците на двете групи. И на останантите дечиња им се допаднаа таа идеја "Таму ќе најдеме и мравки и нема да има трева ниту цветови но затоа ќе има различни камчиња и песок но да не биде натпревар кој што нашол туку повторно како овој "

  

АНГЛИСКИ ЈАЗИК - МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК- Утврдуваме поими за бои, броење и броеви до 10

   

Опишуваме и правиме споредба со цел да откриеме сличности и различки помеѓу живо цвеќе и овие наши цветни апликации.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК- Драмски игровни активности-

Раговор во прво лице Јас, цвеќенцето ве молам вас, дечињата..." ( Да бидете внимателни кон мене, да не ме газите, да не ме кинете туку да ме оставите да се радувам во на придидата во мојот дом, редовно да ме полевате со водичка и да не ме заборавите бидејки ќе се исушам..) 

" Јас, цвеќенцето најмногу сакам: земја, соце, вода и да не ме газите.."

 

 

ЦВЕТНА МАТЕМАТИКА (Работа во групи со ротации)

Класифицираме цветови со идентични броеви. Броиме по колку различни по боја цветови има за секој од броевите до 10. За кој од броевите до 10 има најмногу цветови. Препознаваме и именуваме број запишан во цвеќенцата.

 

Извлекуваме ливче и го читаме бројот а потоа-Зголемуваме или намалуваме за 1

(САДИМЕ ЦВЕТОВИ СООДВЕТНО НА ДОБИЕНИОТ РЕЗУЛТАТ) 

 

 

  

   

 

-Подредување броеви (цветови) во низа од 1 кон 10 со додавање 1 и од 10 кон 1 со одземање

 

ВИДЕО ЗАПИСОТ Е ВО ИЗРАБОТКА

 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци