Ние децата чувари на природата - Направи свое- "Не љути се човече"
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Ајде да си напрвиме наше НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ и да си играме- Колку е часот?

РЕСУРСИ ЗА РАБОТА- Сликовницата" Денот на Пеце", работни ливчиња со часовници, стар часовник, две коцки, интеркативна табла, куќичките од камен и нашата збирка стари пластични затварачи за шишиња.
Интегрирани активности:
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
1-Диригирана подвижна игра водена од наставникот -Примена на техника Наративна пантомима (Часот е 8, еве ме се будам...сега се мијам лице..се облекувам..Децата покажуваат по ред сите застанати во круг)
2-ИЗБОР ОД ДВЕ ПРЕДЛОЖЕНИ АКТИВНОСТИ-Ракажување на сликовницата Денот на Пеце.
Раскажување по аналогија- Мојот ден

 
 Децата извлекуваат сликичка со нацртан празен часовник  и ливче со точно време-Имаат задача во аналогниот часовник да го запишат времето од ливчето а потоа да раскажат што би можеле да прават дома во тоа време

 
МАТЕМАТИКА и ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА
Креираме наша шема и наши правила за игра "Не лути се човече" со две цели-

1-Вежби за собирање +1 +2 во обем на бројот 10 (со помош на две коцки)- Заврти ги коцките, собери и продолжи напред.

 

2-Утврдување на претставата за време- Прочитај колку е часот

(Доколку застане на поле со куќичка зад која има часовник)

За време на играта ја следам работата и во чек листа забалежувам постигања и потешкотии кај учениците во врска со читање на часовник и собирање на броевите на коцките.

 
ЗАВРШНА АКТИВНОСТ
Раговор- Што ми беше лесно а за што ми требаше помош. Што би можеле понатаму да правиме со овие куќички
ПРЕКРАСЕН ПРЕДЛОГ
"Да направиме вакво  Не лути се човече со буквите напишани во секој од затварачите и да погодуваме букви и предмети кои почнуваат на таа буква"

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци