Ние децата чувари на природата - Линиите во природата(Полжавче-другарче)
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Интегриран ден
Кој истражува што ли не ќе научи
Линиите во природата-Учење преку истражувачки активности.
ВИДЕО ЗАПИС ОД АКТИВНОСТИТЕ
Часови во дневнатa интеграција:
-Ликовно образование(Линиите во природата,цртање линии)
-Македонски јазик(Прашања-одговори)
-ЗО(Природата во есен)
-ФЗО(Одење и трчање по природен терен)
ЕКО ИНТЕГРАЦИЈА
Грижата и хуманиот однос кон живите суштества се учи од малечки.
Детален опис на целите поставен е во самиот видео запис
кој можеме да го погледнеме после фото галеријата
НОСЕЧКА ТЕМА ВРЗ КОЈА СЕ РАЗВИВААТ АКТИВНОСТИТЕ И ПОСТИГАЊЕТО НА ЦЕЛИТЕ
ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ИНТЕГРИРАН ДЕН Е ТЕМАТА: ПОЛЖАВЧЕ-ДРУГАРЧЕ
 
 
Фото гарелија
Ајде да откриваме кој што ќе си најде.
Пеење на песната-ДОJДЕ ЕСЕНТА
(примена на драмски метод при изведба на песна)
  
Разговор за време на истражување
Што знаеме 
а што сакаме да дознаеме
 за полжавот
Знаеме дека
Полжавите ги пуштија своите рогови) Сите полажави имаат рогови но и очи на нив.Очи ли се?
 Телото им е цврсто ама зе секој случај нема да ги притискаме за да не ги повредиме.
Еве што не знаеме а сакаме да научиме
Што прават во зима? Како им се раѓаат малечки? Што јадат?
  
 
За да добиеме одговор на нашите прашања ја посетивме наставничката по биологија па таа се убаво ни објасна.
И донесовме неколку живи полжави но се договоривме дека ке внимаваме на нив и дека повторно ќе ги вратиме каде што ги најдовме бидејки тоа е нивниот дом.
Ни даде и лупа за да можеме поубаво да го набљудуваме полжавот.
Потоа сами продолживме со нашите исражувања.
Најпрвин ги вративме живите полжави во природата а потоа со лупа ги наљудувавме линиите на празните кукички кои ги задржавме.
Додека едни забележуваа и исцртуваа линиите на празните кукички ,други ги исцртуваа линиите на сувите листови кои ги собравме за време на прошетката.
 
    
И желадите беа интересни за набљудување.
Лупата сите не израдува.
 САмите откривме дека ако ја оддалечуваш лупата подалеку од желадот тој ќе изгледа се поголем ,дури џиновски))
Нагоре-надолу со лупата,ова е интересна игра.
 
  
 
Си направивме и есенско дрво како украс за нашата училница
  
А потоа уште едно со оваа стара гранка која ја "посадивме"во пластично шише
  
Сега си имаме две есенски дрвца во нашата училница
  
 
 
 
 
 
 
 
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци