Ние децата чувари на природата - Ленка немиенка
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Интегрирани активности
ЕКО СТАНДАРД 2-ШТЕДЕЊЕ НА ВОДА
"Ленка немиенка"
 
ИНТЕГРИРАНИ АКТИВНОСТИ- Музичко образование(1 час) - Обработка на песна "Ако сакаш да си здрав"
Македонски јазик(2 часа)- Обработка на приказна по серија слики; Драматизација на текст
Запознавање на околината(1час)-Личната хигиена и заштета на вода во домот
ВОВЕДНА АКТИВНОСТ
Обработка на песна "Ако сакаш да си здрав". Како воведна активност учениците опишуваа средства за лична хигиена што ги донеа од дома . Преку техника-Разговор во прво лице, секој се претставуваше во име на еден предмет "Јас сум четка, црвена боја, со мене Јане си ги мие забите, на мене прво става паста за заби а потоа.....". За оваа игра го користиме куклениот театар во училницата.
Потоа следување обработката на песната. Пеење во група парови и индивидулано. Следно ја изигравме играта- Волшебна торба и извлекувавме предмети.Така класифициравме што припаѓа во средства за лична хигиена а што не.
 
Потоа повторно ја пеевме песничката со примена на Техника-Музичка пантомима. Најпрвин наставникот пее а дечињата пратат и изведуваат движења според песната. Потоа еден ученик пее а другите слушаат и покажуваат како се мијат рацете, лицето...(За да биде поинтересно на оној што пее може да му се даде детски микрофон, играчка, па и да биде качен на некое столче.)
Потоа друг пее а останатите покажуваат. 
"Ако сакаш да си здрав,треба да се миеш.
Ако сакаш да си здрав,треба да се миеш.
Еве вака,ете така да си ги миеш рацете.
Еве вака,ете така да си ги миеш рацете.
Ако сакаш да си здрав,треба да се миеш.
Еве вака,ете така да си го миеш лицето
Еве вака,ете така да си го миеш лицето
...забите.....косата......телото..."
НА КРАЈОТ СИТЕ ЗАЕДНО ЈА ПЕАТ ПЕСНАТА И ПОКАЖУВААТ СО ДВИЖЕЊА
Македонски јазик- Обработка на приказна по слики  "Ленка немиенка" 
Најпрвин наставникот ја чита во целост. Потоа следува класична анализа за да се потенцираат важните елементи (место,ликови,поука)
    
Потоа учениците се обидуваат да ја раскажат приказната со помош на сликите. Наставникот помага во формирање и меморирање на дијалозите бидејќи истите подоцна ќе ни бидат потребни за време на драмската изведба која ќе следи.
   
Децата се запознаа со куклите кои ќе треба да ги "oживееме" на нашата сцена.
За Ленка подготвивме валкано фустанче кое ќе биде ставено на неа на почетокот на приказната. Се договоривме да користиме други ликовни на животни бидејќи немавме кукли со ликовите од животните од приказната.
(Предлог активност-Учениците може самите да изработаат мали кукли поставени на моливчиња а за тоа наставникот треба претходно да има подготвено шаблони за боење и одрежување во интерес на времето, и да им ги понуди за работа на децата.)
 
Потоа следуваше подготовка на сцена.
Заедно со дечињата баравме решение каде да ни биде сцената и со што да ја направиме. Ова платно кое го држат две дечиња е најдоброто брзо решение. 
Дечињата ги менуваа улогите, се обидуваа да сменат што повеќе улоги 
и да бидат успешни во драмската изведба.
Бидејќи наставникот е оној кој секогаш со радост се стремат да го имитираат-најпрвин јас им покажав како јас би си поиграла. Ја искористив таа прилика да слушнат како треба да се менува гласот кога се зборува во име на некој, како треба да се подигне гладот кога се прашува, да се направи мала пауза кога си замислен и слично. Потоа дечињата се натпреваруваа кој поуспешно ќе го претстави ликот онака како што учителката го правела тоа а тие се забавувале додека ја слушале.
Текстот се интерпретираше слободно и спонтано. Обрнував внимание речениците да бидат убаво осмислени, да се задржи контекстот и текот на приказната но не инсистирав на користење меморирани реченици од самиот текст.Посебно ме воодушеви нивната креативна фантазија која направи од приказната уште побогата претстава.
   
 
 
Потоа следуваше уште интересни активности за дечињата.
Ајде да ја искапеме Ленка за да биде манекенка
(Еко интеграција-Еко стандар 2-Штедење на вода)
РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМСКИ СИТУАЦИИИ
Најпрвин да одлучиме-Каде ќе ја капеме, под чешмата додека тече цело време вода или во кадичка? Ние се одлучивме за кадичка но колку вода треба во неа? Треба ли да претекува вода од кадичката?...
А што ако нeмавме кадичка? Тогаш ќе моравме да ја капеме под чешмата. Ајде да видиме како тоа се прави. Ќе ја оставиме ли водата да тече додека нанесуваме шампон? Секако дека не. Водата се пушта по потреба и не е добро постојано да тече. Ова го научивме уште на минатиот час по запознавање на околината а сега ќе го примениме во нашата замислена играhttp://sitezazemjata.ucoz.com/index/da_a_shtedime_vodata/0-17 Ќе покажеме како се одржува лична хигиена, каков прибор ни е потребен но и како треба да внимаваме и да ја штедиме водата во домот при овие секојдневни активности.
 
И на крајот САМООЦЕНУВАЊЕ 
Игра-Јас сум искрен и искрено си кажувам
Се навраќаме на сите претходни активности што сме ги правеле денес. Наставникот ја започнува играта. Дава личен пример што за време на првата активност направил добро а што можел и подобро. Дечињата се приклучуваат на разговорот и секој кажува шо му било тешко да запомини. Се договоривме наредниот час по музичко повторно да ја пееме и играме песната за сите деца да ги научат сите зборови и движења.
Потоа си разговараме околу содржината на приказната, кој убаво знаел да раскаже а кој мисли дека може и подобро бидејќи сега кога раскажувал ние сме му помагале.
Во однос на драмската игра сите беа здоволни од своето драматизирање и затоа се наградивме со еден голем аплауз за сите нас.
 
 
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци