Ние децата чувари на природата - Кога и нашите букви би биле ХИЕРОГЛИФИ
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



КОГА НАШИТЕ БУКВИ БИ БИЛЕ ХИЕРОГЛИФИ

 
Интегрирани активности-МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК-ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ-АНГЛИСКИ ЈАЗИК
(Вертикална интеграција-Прво и четврто одделениe)
АТИВНОСТИ за ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ-
1-Визуелно препознавање на големите печатни букви од нашето кирилично писмо. 31 глас-31 буква.

2-Разгледување на фотографии со натписи пишувани или длабени со хиероглифско писмо. 3-Разговор за можното значење на некои од тие симболи, на што се пишувани, со што би можеле да бидат пишувани...

  

СЛЕДУВА РАБОТА ВО ТРИ  ГРУПИ СО РОТАЦИИ

ПРВА ГРУПА
-Децата изработуваат наша нова весела  азбука - Предлагаат и одбираат по еден нов знак за секоја наша буква. 
Потоа презентираат што подготвиле. Следно имаат задача да се обидат да напишат неколку зборови или реченици со употреба на нивните нови креирани букви а потоа да си ги разменат меѓусебе и да прочитаат што напишало другарчето.

  

ВТОРА ГРУПА
-Истражувачка активност- Глината, нестандардана подлога за пишување.

МОТИВ-ПИШУВАМ ПИСМО-ПОРАКА ДО ТЕБЕ.
Пишување и цртање на нестандардна подлога за пишување. средства- Глинамол, перја од птица, школки, камчиња, трска...Децата имаат задача да напишат или нацртаат своја порака на парче глина а потоа да ни покажат и објаснат што напишале. Пораките треба да се осмислени во вид на желба, честитка или совет до некого.

 

ТРЕТА ГРУПА
Моделирање со додавање и одземање.
МОТИВ-НАКИТ ОД ГЛИНА
Средство-Глинамол, суви дрвца, камчиња, школки, перја од птици..

   

ПОТОА СЛЕДУВАШЕ РОТАЦИЈА НИЗ АКТИВНОСТИТЕ по желба на учениците.

ЗАВРШИВМЕ СО ИЗЛОЖБА  пред сите другарчиња од училиштето. Изработките ги испративме како подароци до учениците од ОУ "Милан Ракич" од Србија

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци