Ние децата чувари на природата - Истражуваме-Што плива а што потонува
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Истражуваме
ШТО ПЛОВИ А ШТО ПОТОНУВА
 
Воведна активност
На отворен простор ја играме играта
ВО ВОДА-НА БРЕГ
(Примена на драмска техника-НАРАТОРСКА ПАНТОМИМА)
Учениците се поставени на ограничен простор,линијата пред голот на игралиштето.Внатрешноста на тој простор , до самиот гол е нашето море.Најпрвин наставникот во улога на наратор имитира ситуација-Добро утро дечиња се наспавте?(Децата климаат потврдно и имитираат триење на очите)Погледнете колку е убаво морето денес(учениците ја ставаат раката над очите за да си направат сенка и гледаат лево-десно)Ајде сега да си наместиме по еден чадор за сонце бидејќки сонецево силно грее(децата имитираат отварање и местење на чадор.)Ајде сега да се соблечеме по костум за капење и облеката убаво да ја сложиме да не ни се тутка.
Ајде со рачињата да провериме дали е топла водата.Ајде сега со левото ноже...на моја знак сите во вода на капење.
-ВО ВОДА!(децата влекуваат во ограничениот простор)Ајде пливајте на грб,ајде сега машки.Ајде сега сите под вода да одиме.БРзо сега сите на брегот да се стоплиме....Ајде да фрламе камчиња во вода...Што се случи со камчето?Ене брод во далечината.Го гледате како плови?(Активноста може да ја води и ученик доколку се навикнати на примена на оваа драмска техника)Играта може да продолжи со додавање на други елементи зависност од целта за која се користи.
Следува раговор 
-Кој сака да фрла камчиња во вода?Дали камчето плови откако ќе го фрлиме или веднаш ќе потони?(Учениците веќе имаат претходно искуство со фрлање камчиња и едногалсно тврдат дека каменот веднаш потонува без рзлика дали е голе или мал)
-Дечиња,замислете дека сум мало дете кое не ви верува и еве тврдам дека не сте во право-јас мислам дека камчето ќе си плива некое време а дури после ќе потони(наставникот имитира говор на мало дете)Како ќе ме убедите дека не сум во право.
Уште веднаш можеме да провериме-Одберете по едно камче.Ајде во кофата со вода да провериме.Таа нека биде нашето езеро.Ајде да ми покажете да видиме дали сте во право.
Потоа одиме во училницата
Претпоставки
-Најпрвин ги запишуваме нашите претпоставки(Што би сакале да проверуваме освен ова со камчињата)
Децата бараат предмети низ училницата и го изнесуваат своето мислење во врска со конкретниот предмет.
ПОДГОТОВКА ЗА ПРОВЕРКА НА ХИПОТЕЗИТЕ
Учениците даваат идеи во што да ги провериме нашите претпоставки.
Се договоривме да побараме помош од тетка Менка,нашата хигиеничарка па таа ни обезбеди неколку садови кои ги наполнавме со вода.
ПОДГОТОВКА НА ТАБЕЛА СО ПРЕТПОСТАВКИ
Бидејки дечињата не умеат да читаат и пишуваат,предметите ги претставија со цртање.
Учениците имаа прилика да забележат како се подготвува табела кога нешто треба да се проверува и што треба да содржи истата за да ни служи за таа цел.
Помагаа со цртање на линии и предмети внимавајки како објаснува наставникот бидејки ќе следи нешто навистина интересно.
ПРОВЕРКА
Следува проверка .Сите се активно вклучени и внимаваме да забележиме што се случува.
Ги забележуваме откритијата за да видиме колку се разликиваат од нашите претпоставки напишани на листот....
 
 
 
 
Истражувањето пробуди голем интерес кај учениците.
Затоа провервуаме и понатаму...
Ќе проверуваме нови хипотези 
-предлози на учениците на кои тековно сме се сетиле и станале предмет на нашата љубопитност..
 
ШТО ЗАБЕЛЕЖУВАМЕ?
Нешто сме биле во право но, за нешто сме изненадени...
И еве вака, додека си игравме,
дојдовме до многу интересни сознанија:
 
Топчето од пластика си плива над водата и тоа го погодивме...
 
Топчето од дрво мислевме дека ќе потони а и тоа замислете плива...
 
Клучот од нашата училница потонува, но тоа веке го претпоставивме...
 
Па и оној на наставничката и сите клучеви потонуваат бидејки се тешки и од метал.
 
Така беше и со виљушката..и со ножот...но тоа после беше лесно да се претпостави.
 
Моливот и коцките пливаат над водата ...а за ова баш и не се сложувавме сите пред да провериме.
 
И фломастерот пливал.Кој би рекол?
 
Мислевме дека шишето од дезодоранс ќе потоне во водата но тоа си плива...
 
Плива и кутивчето од крем но само додека не се наполни со вода а потоа потонува.
 
Сунѓерот прво плива ама веднаш потоа потонува кога ќе се наполни со вода.
 
 Сапунот потонува а мислевме дека ќе плови.
 
Така и бродивите пливаат но ако се случи несреќа да почнат да се полнат со вода и тие потонуваат,сме гледале на телевизија наставничке.
 
Металните автомобилчиња потонуваат,тоа сите го погодивме.
 
Салфетката си потона штом ја впи водата а скоро сите мислевме дека ќе плива бидејки е лесна
ЗАВРШНА АКТИВНОСТ(евалвација)
Игра-
БРОДОТ ТОНЕ, СПАСУВАЈ СЕ!
Еден ученик е во улога на капетан.(Со некаква капа на глава се означува капетанот)
Предметите кои беа предмет на истражување денес, ставени се на една маса .
Капетанот во рацете држи тутурутка од хартија низ која извикува-Јас сум капетанот на бродот, се случи незгода, се молат патниците да наоѓаат појаси за спасување!
Учениците треба си одберат по еден предмет од масата но да внимаваат тој предмет да не потонува.Потоа капетанот по кратко време свукува-СИТЕ НА ПАЛУБА а учениците мораат веднаш да се наредат на табла.Капетанот прегледува кој одбрал погрешен предмет.Учениците кои згрешиле излегуваат од игра.Потоа играта продолжува за останатите.Оној кој прв стигнал до таблата сега е капетан.
Наставникот во улога на набљудувач забележува колку учениците стекнале точни претстави за време на истражувањето.За време на играта се навраќаме уште еднаш на сите наши претпоставки и заклучоци во врска со нив.
................................................................................................................................
Предлози за понатамошна дневна интеграција
Ликовно образование
Работа во две групи
прв група
Изработка на бродчиња од лушпа од орев
втора група
Изработка на бродчиња со превиткување хартија(оригами)
Краен продукт од работата
-Изработка на макета
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци