Ние децата чувари на природата - ИСТРАЖУВАМЕ-НА ШТО И СО ШТО МОЖЕЛО ДА СЕ СВИРИ А НЕ Е МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТ
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



ИСТРАЖУВАМЕ
НА ШТО И СО ШТО МОЖЕЛО ДА СЕ СВИРИ 
А НЕ Е МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТ
Интеграција на три наставни предмети

Опфатени часови

Музичко образование во интеграција со ликовно образование и  македонски јазик

 

Цели по предмети опфатени во оваа интеграција

Запознавње со музичките инструменти и звуците кои ги произведуваат.

Запознавање со детски музички инструменти ...Изработка и свирење на нив.

Активно учество во истражувачка активност.

Раскажување впечатоци од гледан цртан филм,..поука и ликови.

Творечко раскажување.

Развивање на креативноста за творење со комбинирање и користење на нестандардни материјали.

Работа со ИКТ.

Воведна активност

Влегувам во училницата со молчење и почнувам да свирам ..малце на мандолина..малце на кавалче...па на усна армоника... Ги пеам нотите по скалата но свирењето е лошо па се поттикнува весела атмосвера..Ги разгледуваме, именуваме и опишуваме инструментите.Се обидуваат и тие да свират на инструментите што ги донесов...Се договоривме подоцна да си побараме на интернет да видиме и да слушнеме како свири на овие инструменти некој кој знае

Кога запрашав дали би можело да се свири со уста,сите се согласија дека тоа е лесно и дека може.Потоа ми покажуваа и се обидуваа да бидат што поуспешни.Следно проверувавме дали можат рацете и нозете да бидат наш инструмент кој ке не придружува додека нешто пееме.ЗА ова имавме пооделени мислења но за кратко време сите се премислија дека тоа би можело да биде па зедно пеевме познати песнички придружени со шлапкање и тропкање со нозе.

Следуваат ПРЕТПОСТАВКИ-Дали може да се свири со лажичка....чинија...

Се што поставив како идеја за проверка, на дечињата им беше смешно и сите се согласуваа дека наставничката е смешна
 кога тврди дека можело да се свири со најлонче,хартија,гезве,чаша,чинија,со моливчиња,со шишиња.
Ги изненадив кога започнав со моето музицирање комбинирајки ги сите горенаведени предмети а во тоа ми помогна и чичко Робе,домакинот во нашето училиште.
Потоа и самите деца се обидуваа да свират и имавме весела и бучна работна просторија.
      
   Изработка и свирење на ВИБРАФОН
Најсрекни беа кога им покажав како се прави инструмент со шишенца со вода и ми помагаа додека го правев, 
но не веруваа дека на него би можело навистина да се свири.
Навистина им беше тешко да поверуваат дека би можело да се свири на шишенца...
Внимателно следеа и ми помагаа да се припремат сите потребни работи.
Штом бевме спремни се обидов да им ја свирам-Билјана платно белеше па и бев навистина успешна.
Не се опишува колку беа срекни и изненадени.СЕ обидуваа и тие да свират малку.
Ја пеевме нотната скала со помош на вибрафонот и беше навистина весело.
Најпосле си направивме и зрнкалки од пластични чаши
 полни со капачиња,тапи и ориз па музициравме и со нив.
ШТО НАУЧИВМЕ
Ова беше интересно искуство и за мене и за учениците.
Се обидуваа да даваат свои идеи што да проверуваме...и беа ненаситни.
Се обидуваа и самостојно...но бараа и помош.
Соработуваа но толку им беше интересно што не би можела да им замерам на моментите кога имаше себичност околу тоа кој да свири и на што
..а ги имаше и тие моменти...
Работа во групи со различни задолженија не беше изводлива па нити претходно ја имав предвидено со оглед на возраста
 и љубопитноста која не би ги задржала децата во посебни катчиња за време на вакви интересни и бучни активности.
-Научија дека многу предмети а и делови од нашето тело можат да бидат во улога на музички инструмент .
-Сега знаат дека паметно е да се проверуваат работите за кои се сомневаме ако има услови за тоа, 
а не да се оставаат непроверени или да се верува во нешто што некој ни тврдел а ни изгледа невозможно.
-Знаат дека секогаш е добро да се побара помош од возрасните зошто некои активности можат да бидат опасни за децата 
ако се прават неправилно или невнимателно.

Си продолжуваме понатаму...

 

-Гледаме слики од музички инструменти преку видео бимот и ги опишуваме....делови од кои се составени...разлики мегу нив...Некои се детски...кои ли се тие...

-Ги опишуваме

-Се обидуваме да свириме и на гитарата, мандолината и кавалчето во нашата училница.

 

 

Потоа гледаме кратки видео снимки-

 кој инстумент каков звук дава...

http://www.youtube.com/watch?v=Ss8AfK8LGHw&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=XY_jcJBtKFk&feature=related

Гитара

http://www.youtube.com/watch?v=aYiw_rp44WU&feature=related

Виолина

http://www.youtube.com/watch?v=t3bW9P5Z6sI&feature=related

Пиано

http://www.youtube.com/watch?v=6TNgA1Jb_C0&feature=related

Тапан

http://www.youtube.com/watch?v=UeUij9hiEXg

Труба

http://www.youtube.com/watch?v=wOkuqDWwrAo&feature=related

 

Следува индивидуална работа на компјутер
 

Сега ќе се одмориме малце со еден цртан филм...

 

Ќе го гледаме Калимеро за да видиме на каков музички инструмент тој имал мерак да свири.

 

Си разговаравме за содржината....

ШТО ЗНАЧИ КОГА ВЕЛИМЕ-НЕПРАВЕДНО

Опис на главен лик....

Каде се случуваше настанот...

Што ни остави впечаток...

Што беше неправедно?Како се решил проблемот?

Дали нам ни се случила некоја неправедна работа?...

Потоа следуваше

-Творечко раскажување-

Го раскажувавме цртаниот филм со ставање на имиња на наши другарчиња 

на местото на главниот лик и беше навистина весело.

 

Поделени во две групи дечињата изведуваат две различни активности

ПРВА ГРУПА

Изработка на апликации гитари 

Средства за работа(картон, вуница,боички,лепило,ножици)

ВТОРА ГРУПА

Во програмот GCompris на малите комјутери играат игра(меморија)

Сложи ги звуците што ги свири пингвинчето

СЛЕДУВА РОТАЦИЈА НА ГРУПИТЕ

По завршувањето на активностите си направивме евалвација

 на се што сме работеле денес.

 

Да се подсетиме што се направивме....

Што сме изработиле на овие часови....

 

ТЕХНИКА-КРУГ:

Застанати во круг,еден по еден, секој за себе му кажуваше на другарчето од десната страна- 

Да бидеме искрени да си ги признаеме грешките...

Што би сакал да можев подобро...

Кој во што ми помогна но и кому јас помагав другарски.

 

 

 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци