Ние децата чувари на природата - Интегриран ден-Распланиот Снешко
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Интегриран ден-Расплаканиот Снешко
Учење преку истражување
 
ВИДЕО ЗАПИС ОД КОМПЛЕТНАТА ИНТЕГРАЦИЈА
 
  
Македонски јазик(2 часа)
Интерпретација на обработена стихотворба со помош на драмски метод-Стихови во акција
Изработка на тематска сликовница
Запознавање на околината
Снегот како природна појава 
Математика
Подредување во растечка и опаѓачка низа
Ликовно образование
Моделирање и обликување со снег, тоалетна хартија,теглички,кокос,сол,шеќер..
Еко интеграција
Пренамена на стари теглички во снежни украси
Детален опис на целите поставен е во самиот видео запис после прегледот на активностите преку фотографиите
ВОВЕД
Активност во природа
Изработка на топки во три големини(интеграција со математика)
Составуваме снешковци
Разговараме за особините на снегот
 
  
 
Даваме претпоставка што ќе се случи со снешковците ако ги ставиме на топло, во нашата училница. 
Иако сите се согласивме дека тие би се стопиле сепак решивме да провериме
  
Снегот полека се претвора во вода.
  
Нашите снешковци ги нема повеќе
  
Сега ќе си составиме снешко од овие три круга
 а потоа во него наставничката ќе испише се што ние ќе и кажеме за Снешко.
Ќе си направиме убава 
сликовница која ќе се вика едноставно-СЕ ЗА СНЕШКО
  
 
Еве што знаеме за СНЕШКО
 
Ајде да изброиме колку гласови слушаме додека го изговараме зборот СНЕШКО
 а потоа да ги најдеме буквите во нашата букварка-куќарка и да го составиме
  
 
Еве како си пишуваме СНЕШКО со овие пластични букви.
А сега ќе си ја поиграме играта-НА БУКАВАТА, НА БУКВАТА и ќе кажуваме зборови кои не потсетуваат на зима.
Потоа за секоја буква ќе нацртаме по нешто
  
 
Готова е и оваа страна од нашата сликовница
 
Дали може да се направат снешковци од тоалетна хартија?
Тоа сега ќе се обидеме.Наставничката снима со камерата и се радува на сите наши обиди и идеи како тоа да го направиме.
Ќе правиме снешковци со туткање на хартијата,така одлучивме. Потоа ќе додаваме уште хартија, ќе ја обвиткуваме направената топка за да стане поголема.
ГОЛЕМО-ПОГОЛЕМО-НАЈГОЛЕМО
или
МАЛО-ПОМАЛО-НАЈМАЛО топче и Снешко е готов.. 
Со нив ќе ја украсиме почетната страна.Сите се помагаме и се договараме што каде да стои.
  
Нашата сликовница е готова)))
  
СЕга ни треба еден ваков Снешко за да си играме со него додека ја рецитираме стихотворбата што си ја учевме вчера.
Наставничата предложи да го украсиме со кокос за да биде поубав.
  
 
Интерпретација на стихотворбата РАСПЛАКАНИОТ СНЕШКО
 со помош на драмска метода
СТИХОВИ ВО АКЦИЈА
  
 
Подредување во растечка и опаѓачка низа
(Воедно и припрема на апликации кои ќе ги користиме при изработка на снежни украси во тегла)
 
  
 
Изработка на снежни украси 
Потребен материјал:
Апликации,тегли во различна големина,боички,ножички,лепила,лак за нокти,кокос
 
  
 
Подредување во низа
   
 
Изложување на украсите во нашето еко катче
  
 
 
 


http://youtu.be/PDqOBfdqVbk
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци