Ние децата чувари на природата - Harlem Shake EKO-APRILIJADA
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Harlem Shake АПРИЛИЈАДА :-) 

Воведна тема-Четирите волшебнички со помош на нивните самовилчиња ќе се обидат да го претворат селото волшебно и весело да биде.
Активности во соработка со поголемите ученици и нивните наставници
Автор-ВесеВесела
Поаѓајки како и секогаш од принципот на актуелизација и желбата сите ние тука да бидеме среќни и весели, го одбележавме Денот на Шегата на многу забавен начин. Танцот Харлем шејк беше се она за што зборуваа и следеа децата преку интернет во последно време а и самите се обидуваа да прават снимки во помали групи, и затоа се одлучив нашата првоаприлска забава да биде токму во таа насока.
Бидејки идејата беше срдечно прифатена и од директорката и од целиот персонал и самата реалзиација беше лесна и забавна. 
Екологијата како актуелна тема веднаш стана погодна подлога за развој на активностите.
Се договоривме сите да направиме уникатни костуми и маски со пренамена на стари материјали.Тоа важеше и за нас наставниците. Така од старите мушами кои ги поставуваме на масичките за цртање и од една мушама за во вц направивме фустани за четири еко волшебнички кои имаат задача како знаат и умеат да го претворат нашето училиште волшебно и весело да биде.
 
Родителите активно се вклучија во подготовките и со пренамена на стари кутии , платна и слично им помогнаа на дечињата во изработка на маските. Во текот на активноста учениците покажуава интерес и инспирација за различни теми и така имавме прилика да се расположиме следејќи различни драмски интерпретации од секојдневниот живот и актуелности од ТВ.
 

ВИДЕО ЗАПИС ОД АКТИВНОСТИТЕ



Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци