Ние децата чувари на природата - Господин Даб и господин Бор
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



"Господин Даб и господин Бор" -ТЕAТАР НА МАСА
Претходни активности
ФЗО- Прошетка, набљудување и разликување зимзелени и листопадни дрвја, собирање природни материјали.http://sitezazemjata.ucoz.com/index/zimzeleni_i_listopadni_drv_a/0-61

Запознавање на околината -Слободни истражувачки активности и уредување есенско катче.

http://sitezazemjata.ucoz.com/index/prirodata_e_gostinka_vo_nashata_uchilnica/0-62


  
Ова е интеграција на два часа во рамките на дневна интеграција "Зимзелени пријатeлчиња"

Македонски јазик -Драмска интерпретација на прозен текст " Двајца пријатели"
Ликовно образование-Ликовно изразување со комбинирање на стандарден и нестандарден ликовен материјал.

Работа во две групи: Обликување на господин ДАБ, обликување на господин Бор.



ВИДЕО ЗАПИС ОД ЦЕЛАТА АКТИВНОСТ



ШТО НАУЧИВ ЈАС ОД ОВОЈ ЧАС 
Денес, за време на драматизацијата на приказната користев мој претходно снимен говор пуштен преку компјутер.Текстот беше долг за понење и од таа причина помислив дека подобро ќе биде уште дома да го подготвам дијалогот.Но што се случи? Децата на почетокот неколку пати ме прекинуваа љубопитни да видат што има на екранот на компјутерот иако им кажав и покажав дека има само снимен говор. Иако се трудев да ги анимирам куклите почувствував дека децата внимателно следат но не се толку среќни како за време на воведната активност кога во живо разговараа со ликовите и се внесуваа искрено. Следниот ден одделив малку време и повторно ја изведов истата драматзиација но овој пат зборував во живо. Децата беа воодушевени иако ова не им беше ново за слушање. Верувам дека доколку второт пат повторно им го пуштев снимениот говор а јас се криев зад него, овој пат децата воопшто не би внимавале и не би биле заинетересирани.
Ете така, стигнав до сознание дека мојот обид да си ја олеснам драмската изведба која толку им е омилена на децата е невозможно :-) Сепак, за примена на оваа метода треба добро вежбање бидејки нема алтернативи и полесни решенија:-)


ФОТО ГАЛЕРИЈА
  

  

  

  

  

  

  

  


  

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци