Ние децата чувари на природата - Ежот и мечето
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



"Како ежот и мечето ја пречекаа Новата година"
Погледнете ја нашата видео приказна од оваа наставна интеграција
 
Интеграција на два наставни предмети
Македонски јазик 
-Следење на цртан филм и изработка на тематска сликовница
 на ликовите и местото на случување на настаните во филмот.
 Ликовно образование
-Творење со пренамена на предмети и материјали од секојдневниот живот.
Еко интеграција
Рециклираме,пренаменуваме,старо пластично шише во Новогодишен украс.
Се грижиме за хигиената на работната просторија за време на работата и по завршувањето на активностите
 
   
Целите на наставните содржини поставени се во самиот видео запис.
 
Фото галерија со пресек на активности
Што ни личи на снег?
Запознавање, откривање на материјалите за работа (Стиропор,шеќер,сол, кокос)
Игра-Погоди по вкус
   
 
Следење на цртаниот филм и разговор за него
-Ликови
-Место на случување
-Ни се допаѓа ли идејата на мечето да пресечат малечка елка од планинаната ?...
Зошто оваа идеја не е добра...
-Што ни се допаѓа, чија другарска постапка...
 
    
 
Изработка на сцена, место на случување на дел од приказната со
- пренамена на пластично шише
-кокос,сол,шеќер,апликации...работа со пластелин..
Индивидуална работа на учениците со цел придонесување кон заедничка цел-
Здружување на своите изработки во заеднички украс кој ќе претставува едно од местата на случување на приказната.
 
   
 
  
 
 
  
 
Моделирање елки од пластелин
 
    
 
Уредување на декорацијата со
 тимска работа, изнесување лични идеи, предлози,почитување на туѓото мислење 
и проанаоѓање практични решенија за постигнување на целта.
(Пример-Потешкотија со која се сретнаа децата за време на работата беше како да се прицврстат апликациите за шишето а да стојат стабилно.Се договараа мегу себе, се обидуваа според различни предлози и на крајот со користење на течно но и лепило во трака, апликациите беа прицврстетни)
 
  
 
  
Важна напомена
Доколку се работи со поголема група на деца, при наведениве активности учениците се делат во две групи,
со различни задолженија , кои подоцна би си ги презентирање изработките едни на други или би се направила ротација на активностите со цел сите деца да поминат низ двете активности.
Во конкретниов пример активностите следат една по друга бидејки таква организација на групи не беше изводлива поради бројот на деца ,а работа во парови исто така не беше изводлива поради обемот и карактеристиката на активностите.
  
 
Креирање на сликовница
 Претставување на другото место на случување на приказната-Домот на ежето
 
  
 
Повторно заедничка работа, договарање, меѓусебна спонтана поделба на работни задолженија за секого, разгледување и избор на предложени идеи за украсување на сликовницата.
 
  
 
  
 
Презентирање на изработките пред постарите другарчиња.
Раскажување на гледаниот цртан филм пред нив.
 
 
 
.....................................................................................................................................................
Игра за  взаемно оценување со примена на драмска техника:
Шеп-шеп
.........................................................................................
Учениците во рака земаат кукли(девојчињата кукли а момчињата војници или ликови од приказни)И наставникот зема кукла во рака за да учествува во играта.Се договараме дека имаме задача еден со друг да си разговараме за поминатите активности и секој на секого искрено да му шепне што мисли за себе и својата активност за време на часовите. Наствникот ја користи приликата со кукла во раце,зборувајки од нејзино име да пријде на секое детенце и да го советува што би можело наредниот пат повеќе да внимава и да го пофали за она што бил добар.
Пример
(наставникот покажува пример на децата  играјки ја улогата на Шрек
 заедно со училишниот педагог во улога на Црвенкапа)
-Здраво пријателке Црвенкапа.
-Здраво Шрек,повели седни кај мене на гости.Што ќе се напиеш?Може ли еден чај?
-Еве додека си пиеме чај би сакал да те пофалам колку убаво ја раскажуваше приказната на своите џуџиња преѓе,јас те слушав но не сакав да ви сметам.Ми се допадна како убаво запомна како започнуваше приказната и на кое место се случуваше.
-А ви влагодарам пријатле 
-Само нешто пријателски да ве советувам ако може.
-Може, може пријателе.
-Кога ја изработувавте сликовницата ве приметив дека неколку пати се скаравте кој да бои а кој да црта.Можеби следниот пат треба да им дадете шанса и на вашите пријателчиња и тие да се обидат а потоа ќе им помагате ако нешто не умета да направат.Што мислите за ова?
-Се согалсувам пријателе,ќе го запомнам ова...наредниот пат ќе им давам и на другите да цртаат.Ви благодарам на советот.
-Браво Црвенкапа,колку убаво боиш,секогаш внимаваш да не излегуваш од линијата.
-Балгодарам..
Ајде сега довидување,повелете и вие на гости кај мене.
 
 
 
 
.........................................................................................................................................................
Прилог 
Цртан филм за реализација на активностите
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци