Ние децата чувари на природата - Да ја штедиме водата
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Зошто треба да ја штедиме водата?
ЕКО СТАНДАРД 2-ШТЕДЕЊЕ ВОДА
Интеграција на три наставни часа, слеан тек
Македонски јазик
Запознавање на околината
Ликовно образование
ВОВЕДНА АКТИВНОСТ
Говорна вежба-Замислена ситуација
Денес ни јавија дека водата во нашето училиште била нешто загадена и не смееме да ја користиме воопшто нити за пиење, нити за миење раце. Го имаме само ова шише(литарско шише) и треба да внимаваме да ни стигне за се.
Ајде најпрвин да видиме за што ни треба вода нам секој ден додека сме тука
"Ни треба за пиење, за миење раце бидејки ќе јадеме, можеби ќе се извалкаме ако работиме со пласетлин или земја или водени боички...."
Што предлагате да правиме?
"Да пиеме по малку од посебни пластични чаши за секој, да внимаваме што допираме, да не ги допираме играчките, храната да не ја фаќаме со раце туку со салфетките што ги имаме..."
Ајде да видиме до кога ќе ни стигне ова шише со вода.
Учечко-поучувачки активности
Разгледување на сликовницата-
"Зошто треба да ја штедиме водата"
   
Активности:
 
1-Опишување на настани според илустации.
 
2-Раскажување на приказната од страна на наставникот за да се утврди
 колку блиску биле учениците со своите претпоставки "читајќи ги "илустрациите.
 
3.Извлекување поуки и заклучоци
 
4.Раскажување на свои лични примери на штедење на вода.
 
5.Игра-Ќе ја признаам грешката
(Учениците се доверуваат едни на други, си кажуваат кога тие не внимавале кога ја користеле водата)
 
6.Игра-Провери кој троши непотребно вода
(играта можеме да ја играме на овој линк-слика поставен тука)
 
 
Следуваше активност во две групи.
И двете групи следеа по еден различен анимиран филм на тема-
Штеди вода-спаси живот
Прва група
   
 
 
Втора група
 
Потоа и двете групи имаа за задача да раскажат на спротивната група што забележале во нивниот филм и што научиле од него.
Следуваше и РОТАЦИЈА НА ГРУПИТЕ
за да се задоволи детската љупотност и да се гледа филмот и на другата група.
 
 
 Од картон и станиол направивме огледалца  
 
   
 
Потоа испишавме пораки за штедење на водата
 
   
 
Ги ставивме до чешмата во училишниот ходник за сите да можат да ги прочитаат
 
 
Сигурно се прашувате што стана со нашето шише вода
 од почетокот на часовите?
Ние штедевме и штедевме но некако денес посебно бевме жедни па се на некој често му се пиеше барем по голтка вода.
Бидејќи кога ги лепевме огледалцата се извалкавме со течното лепило на прстињата кога размачкувавме, ни се јави проблем што да правиме-Вода имавме само малце ,нема за сите, прстињата валкани а ние сме згора на се и жедни.
Ех колку било тешко без вода! 
 
 
 
За крај еве уште една интересна игра која би можела да се вметне во воведен или завршен дел како мала забава за учениците))
 
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци