Ние децата чувари на природата - Чадорчиња за учење низ игра
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Стари чадорчиња за учење низ игра-Од стари до нови разиграни чадорчиња
Пренамена и практична примена 
Интегрирана активност за повторување на делови од материјалот по ЗО и Математика. 
 
Старите чадорчиња може да бидат многу корисни во училниците и надвор од нив. Направете акција за собирање стари чадори, акција на ниво на училиште или потесно, онака како сметате дека најмногу ќе одговара во вашата училишна средина. Потоа направете уште една акција во која зедно со поголемките ученици во улога на ментори ќе ги одделите платната од металните делови. На тој начин, од една страна, малите дечиња ќе работаат под контрола со помош од повозрасно другарче додека ракуваат со металните делови, а од друга страна целото училиште ќе се забавува во заедничка креативна работилница која спонтано ќе придонесе за унапредување на соработката и пријателската атмосфера.
Вака ќе обезбедите голем број на платненца во различни бои а истите ќе може да се применуваат за најразлични намени, со генерации. Добро ќе биде ако оваа активност премине во традиционален ФЕСТИВАЛ на старите чадорчиња кој би се случувал барем еднаш годишно. На тој фестивал учениците би можеле да презентираат и свои идеи за примена на чадорчињата во наставна пракса или да прикажат некоја креативна или практична примена на спојување на поголем број платна. Во продолжение на странава поставен е видео запис во кој се претставени неколку идеи за примена на старите чадорчиња за време на наставни часови по Наука, Македонски јазик и Математика.
 
ВИДЕО ЗАПИС ОД АКТИВНОСТИТЕ
Дванаесет чадори за дванаесет месеци
-Ајде да скокаме од месец во месец и да ги именуваме месеците во годината
    
Игра за развој на ситна моторика
Пренеси ја тапата преку сите чадорчиња
Стапни со лева-стапни со десна- Игра со изрекување наредби
 Горе-долу - Високо-ниско
 
Седум дена седмица
Во кој ден сум седнал јас?
Јас сум понеделеник, првиот ден во седмицата. Ајде сите заедно со мене да скокнете по пет пати понеделнички.
Јас сум вторник, вториот ден во седмицата, Ајде сите за мене да соберете по 7 камчиња во своето чадорче...
 
За крај- Чадорчиња за одмор, разговор, читање во природа...
 
 
 
 

Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци