Ние децата чувари на природата - А зошто треба да ја чуваме природата?
                            Учење базирано на истражување          
Интегрирани научни и проектни активности со учење преку игра, истражување, пренамена и практична примена
Изработка, собирање и примена на наши, бесплатни дидактички средства за различна намена
 
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Како вовед во нашите еко активности еве нешто интересно 
Разговор на тема
Сите за природата

Но уште пред да почнеме важно е ние возрасните да си се разбереме:
Дечињата се малечки и секаков одговор е чиста петка за нив 
кога вака соработуваат и се обидуваат да одговорат на вакви прашања,
бидејќи наставничката ги научила дека зборот "НЕ ЗНАМ"не е добро да го користиме. 
Смешно е што баш ние возрасните честопати внимаваме на
природата, чистотата, околината,
 само поради стравот од казни и полицајци наместо од оние вистинските причини...
Погледнете само колку се искрени и симпатични во обид да одговорат на моите прашања за кои никогаш претходно не сме раговарале.
(Во интерес на приватноста на искрените дечиња, овој пат исказите се само цитирани)


ЗОШТО НЕ ТРЕБА ДА ФРЛАМЕ ЃУБРЕ НАСЕКАДЕ
"Не смееме да фрламе ѓубре секаде бидејќи чичкото полицаец ќе не казни и ќе треба да платиме многу пари. На телевизија слушнав дека еден човек го казниле дека фрлил цигара на улица и многу пари платил  "
"Па да, може и во затвор да одиш ако фрлаш ѓубре и те фатат и после ако немаш пари да платиш."
ЗОШТО НЕ Е ДОБРО ДА СЕ СЕЧАТ ДРВЈАТА 
"Еднаш татко ми сечеше дрва за дома и шумарот ќе го казнеше за малку ..."
"Затоа што нема да имаме сенка и ќе ни биде многу жешко..."
ЗОШТО ТРЕБА ДА САДИМЕ ДРВА?
"За да имаме сенка ко ќе е жешко"
"Така велат на телевизија наставничке,сите требало да садат дрва и ќе снимале за на телевизија."
ЗОШТО ТРЕБА ДА ШТЕДИМЕ ВОДА?
"Зошто е скапа и после ќе немаме пари за друго..."
"И струја затоа треба да штедиме, и таа е многу сакапа и нема да ни останат пари за ништо...."
ЗОШТО НЕ ТРЕБА ДА ТЕЧЕ ВОДАТА ЦЕЛО ВРЕМЕ ДОДЕКА СЕ КАПИМЕ?
"Затоа што после и некој друг треба да се капи а топлата вода ќе се потроши цела..."
ШТО ЗНАЧИ ЗБОРОТ ЕНЕРГИЈА?
"Енергија е кога ќе се нафрлаш цел и те чеша и потоа се оди на лекар и ти даваат едно бело за мачкање и после поминува..."
"Така како точки на телото ако јадиш нешто..."
ЗОШТО ТРЕБА ДА ГО ЧИСТИМЕ ДВОРОТ И НАШАТА УЧИЛНИЦА?
"Можи ќе ни дојдат гости, срамота е да е валкано...."
ЗОШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ МОРКОВИ, СПАНАЌ?
"Затоа што така вели мама и се лути ако не јадам а јас не јадам варени морковчиња во супа и ги ставам на страна."
ШТО МИСЛИТЕ ШТО Е ТОА, РЕЦИКЛИРАЊЕ?
"Тоа е наставничке... за здраво мајките не носат таму Битола во амбуланта и инекција ни стваат во рачето ама малку само боли ама за здравје било."
"Рециклирање е нешто со нож да прајш, да рецикираш така со ножето."
A ШТО ЗНАЧИ ЗБОРОТ ЕКОЛОГИЈА?
"Tоа значи да првиш проект наставничке..Сестра ми правеше проект со една другарка.."

А ШТО Е ТОА ПРОЕКТ ?
Овој одговор можете да го слушнете на следните неколку страници кои следат....
Иако сме малечки време е да започнеме. 
Ќе направиме малечок еко проект и ќе бидеме пример и на поголемките другарчиња))


А што е со останатите прашања кои нема да бидат опфатени во тој наш мал проект?
За нив веќе постои решение.
Тука е нашето ЕКО ИНТЕГРИРАНО ГОДИШНО ПЛАНИРАЊЕ 
подготвено во нашата годишна програма, 
со активностите кои веќе течат а насочени се за реализирање на целите
 од поставените еко стандарди и нивните точки на акција.
Ете како се роди оваа страница на која се наоѓаме.
Да биде дом на сите наши еко идеи на едно место.
Содржините ќе бидат тековно поставувани и секогаш ќе има место за нови и нови идеи.



Учиме низ игра

http://ucimenizigra.ucoz.com/

Лиценца Криејтив комонс
АВТОРСКИ ПРАВА
Не смеете да го примените,
 или да го адаптирате ова дело
 за реупотреба во свои дела
(филмови, научни трудови,
публикации, медиуми...)
Секое пренесување или користење
 на содржините и идеите
без согласност на авторот
и без наведен линк до оваа страна,
подлежи на кривична одговорност
за повреда на авторски права.
Слободно може да се споделува
непроменето и да се користи како
прирачно средство
при реализација
на ваши интерни часови.
 Не смее да биде користено
 како помагало
 за време на обуки и семинари
без присуство на авторот

Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци