Ние децата чувари на природата - Почетна
                            СИТЕ ЗА ЗЕМЈАТА         
Еко интегрирани активности под мотото-Ние децата, другари на Земјата, чувари на природата и на нашето здравје.
      Учење преку интегрирање на наставни предмети, игра, истражување, пренамена и практична примена
                   Main | My profile | Log out | Login    http://ucimenizigra.ucoz.com/
МЕНИ  


ЛОГИРАЊЕ                  



Aјде да истражуваме-Што се раствора во вода
Ликовни истражувачки активности и креативно изразување со примена на нестандардни ликовни материјали: сол, шеќер, кокос, вода, масло, бои за торта
 

  
 Ова е ПРВ ДЕЛ од интеграција на две наставни содржини по Ликовно образование:
1-Истражување: Се раствора или не се раствора во вода.
2-Сликање и печатење на вода (Импровизација на древната кинеска и турска ебру техника )


     
Време за реализација на интеграцијата:
Бидејќи активностите се многу впечатливи и нивното раздвојување во посебни денови би ја нарушило целината на комплетното научно, емотивно, креативно и визуелно доживување кај децата, најдобро е да се изведе еднократна промена во неделниот распоред на часови со што би се обезбедиле два поврзани часа. 
  
Упатство за реализација
Оваа активност опфаќа активности од три различни теми по предметот Ликовно образование: Ликовни истражувачки активности, Сликање и Печатење.
Oвозможува комплетно постигање на голем број цели бидејќи активностите се така подредени што самите се надополнуваат и спонтано произлегуваат една од друга. Малите ученици понесени од љубопитноста и потребата за работа со природни и нестандардни материјали целосно се внесуваат, соработуваат, претпоставуваат и проверуваат.
За време на активностите акцентот е ставен на примената на поимите СЕ РАСТВОРА, НЕ СЕ РАСТВОРА од темата Ликовни истражувачки активности. За време на истите овие активности наставникот може да стави акцент на други поими според негова замисла и потреба.
  
 

Учиме низ игра


Ние знаеме
како се раѓаат
пеперутките



А знаеме и каде
живеат






Наставник
Весела Богдановиќ
veselabogdanovik2@gmail.com


Прво одделение
ОУ"Кочо Рацин"
с.Ивањевци





Сајтот содржи линкови
кои водат
до надворешни страници.
За полесен преглед
советуваме:
отворање на линковите
со десен клик и избор
на опцијата
open link in n
ew tabe



Посетете не и тука



Секое пренесување
или користење
на содржините ,
на други страни
или блогови,
без согласност на авторот
и без наведен линк до
матичната страна,
подлежи на
кривична одговорност
за повреда на
авторски права.